Кралскиот пар: Најубавите моменти од Кејт и Вилијам по повод 9-годишнината од бракот

Ви се верува ли дека поминаа цели девет години откако Кејт стана војвотката од Кембриџ?

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-01.jpg

Церемонијата што ја следеа 26 милиони луѓе само во Велика Британија, се одржа на 29-ти април 2011-та година.

Девет години подоцна, парот што ја започна врската уште во студентските денови, сега има и три прекрасни деца – Џорџ, Шарлот и Луи.

Официјалниот профил на Кензингтонската палата сподели фотографија од среќниот ден и ѝ се заблагодари на јавноста за честитките:

„Пред девет години – ви благодариме за сите прекрасни пораки за годишнината на војводата и војвотката од Кембриџ“, стои во описот.

Врската на Кејт и Вилијам е инспирација за многумина, а повеќето луѓе што ги познаваат лично, имаат само добри зборови за нив.

„Тие знаат кога да направат компромис, кога да се повлечат и кога да се извинат. Нивната врска се базира на взаемна почит и се посилни од кога било“. – велат кралските експерти.

Пo повод нивната годишнина, погледнете некои од најдобрите фотографии од кралскиот пар:

Јуни 2005: Кејт и Вилијам на церемонијата за дипломирање на Универзитетот St. Andrews

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-02.jpg

Март 2007: Парот на фестивалот за коњски трки во Челтнем

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-03.jpg

Ноември 2010: Кејт и Вилијам ја најавија свршувачката на 16-ти ноември 2010-та, а се верија на одмор во Кенија, после 8-годишна врска

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-04.jpg

Април 2011: Таткото на Кејт, Мајкл Мидлтон, ја придружуваше ќерка си до олтарот

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-05.jpg

Април 2011: Официјалниот свадбен портрет на кралскиот пар

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-06.jpg

Јули 2011: Парот на турнејата во Канада

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-07.jpg

Август 2013: Првиот официјален портрет со принцот Џорџ, во градината на семејството Мидлтон

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-08.jpg

Мај 2015: Раѓањето на принцезата Шарлот, во болницата St. Mary во Лондон

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-09.jpg

Септември 2016: Вилијам, Кејт, Џорџ и Шарлот на кралската турнеја во Канада

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-10.jpg

Април 2018: Вилијам и Кејт со малиот принц Луи, кратко по неговото раѓање

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-11.jpg

Февруари 2019: Вилијам и Кејт на EE British Academy Film Awards во Ројал Алберт Хол

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-12.jpg

Јуни 2019: Принцот Луи ѝ мавта на толпата за време на свечената парада Trooping the Colour, по повод роденденот на кралицата

pomina-rechisi-cela-decenija-od-venchavkata-na-kej-i-vilijam-najubavite-momenti-na-parot-po-povod-9-tata-godishnina-13.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *