Поранешни порно актерки ја откриваат бруталната вистина зад снимањето на секс сцените (18+)

Ниту е гламурозно, ниту е секси… Како изгледа снимањето на некои од најпопуларните секс сцени? Депресивната страна на снимањето порно филмови.

poraneshni-porno-akterki-ja-otkrivaat-brutalnata-vistina-zad-porno-scenite-18-01.jpg

Многу луѓе што обожаваат да гледаат филмови за возрасни сметаат дека порно индустријата е забавна и безопасна, а дека порно актерките се секс божици, како што се портретирани во филмовите.

На ум секогаш ја имаат мислата дека порно актерките го прават тоа затоа што го сакаат.

Но, вистината е дека зад снимањето на таквите сцени воопшто не е сѐ така како што изгледа.

Поранешни порно актерки откриваат пеколни искуства од снимањето на секс сцените:

„Бев мета на сериозна злоупотреба неколкупати за време на снимањето, дури и денес се обидувам да ги блокирам спомените за тие мигови од мојот ум. Машките изведувачи некогаш знаат да бидат брутални.

Јас се согласив да снимам делумно насилна сцена, но не и да добивам удари по глава со златниот прстен на неговата рака. Толку беше болно што го прекинав снимањето.“

poraneshni-porno-akterki-ja-otkrivaat-brutalnata-vistina-zad-porno-scenite-18-06.jpg

„Како и повеќето порно изведувачи, така и јас глумам, па кога ме прашуваат дали ми се допаднало да глумам одредена сцена јас им велам: „Снимам само сцени што ми се допаѓаат“ и ставам голема лажна насмевка на лицето.

Целосна лага! Правев сѐ што морав за да бидам ангажирана и да стекнам слава во оваа индустрија.“

poraneshni-porno-akterki-ja-otkrivaat-brutalnata-vistina-zad-porno-scenite-18-07.jpg

„Тоа беше најдеградирачката, најсрамна и најужасна работа што ми се случила кога било. Морав да снимам со часови болна со висока температура. Плачев и сакав да си заминам, но мојот агент не ми дозволи.

Морав да снимам со машки изведувач кој си го ставив на листата на машки изведувачи со кои никогаш не би сакала да соработувам.

Тој во еден миг ми стапна на главата, вреснав и го прекинав снимањето, си заминав дома со огромна болка.“

„По една година на т.н. „гламурозен“ живот, за жал, открив дека алкохолот и дрогата се дел од животниот стил на порно актерките. Почнав да пијам претерано, да консумирам кокаин, екстази и забавата излезе од контрола.

Снимав жестоки сцени и ова ми беше издувен вентил, но не можев повеќе.

Паднав во сериозна депресија и бев крајно осамена.“

poraneshni-porno-akterki-ja-otkrivaat-brutalnata-vistina-zad-porno-scenite-18-08.jpg

„За време на снимањето на една сцена плачев вистински, ме давеа и удираа. Бев навистина вознемирена, но не сопираа, снимаа и понатаму.

Ги молев да ги исклучат камерите, но тие продолжија со снимање.“

poraneshni-porno-akterki-ja-otkrivaat-brutalnata-vistina-zad-porno-scenite-18-04.jpg

„Повеќе од една деценија работев како порно актерка и еднаш месечно се тестирав за ХИВ, тоа важеше за сите изведувачи, но имаше од оние „не-изведувачи“ кои доаѓаа инцидентно да снимаат, не беа дел од статистиката и кои не се тестираа.

Има многу трагедии во оваа индустрија, многу ужасни нешта.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *