Том Хенкс ја покажа кесата со крвна плазма која ја донира, откако се излечи од КОВИД-19

Откако со сопругата се излечија од корона вирусот, Том реши да донира крвна плазма, а на социјалните мрежи ја покажа кесата донирана минатата недела.

tom-henks-ja-pokazha-kesata-so-krvna-plazma-koja-ja-donira-otkako-se-izlechi-od-kovid-19-01.jpg

63-годишниот актер заедно со сопругата Рита во март се заразија и лечеа од вирусот, а во текот на целиот процес беа тука за да ги споделуваат искуствата со фановите.

https://www.instagram.com/p/B9qBEyjJu4B/?utm_source=ig_embed

По оздравувањето, тие во нив носат антитела кои може да бидат од корист за истражувачите во борбата против корона вирусот, па тие решиле да помогнат.

Претходно, Хенкс се пошегува на своја сметка, велејќи дека ќе помогне во создавањето на „Хенк-цина“.

На социјалните мрежи, тој не пропушти прилика да се пофали со својата хуманост, па објави фотка од кеса полна со крвна плазма која ја донирал минатата недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *