Одлични нови акции кои ќе ви ја дадат потребната доза адреналин

Време е за малку акција! Во овој продолжен викенд сигурно ви е потребна одредена доза на адреналин, со оглед на долго поминатото време дома.

Odlicni-novi-akcii-za-doza-adrenalin-01.jpg

Доколку се одлучите за филмска вечер исполнета со возбуда и акција, за вас ги имаме следните 10 предлози:

Extraction (2020)

Тајлер Рејк, платеник на црниот пазар, ја започнува најсмртоносната акција во неговата кариера кога треба да го спаси киднапираниот син на затворен меѓународен криминалец.

https://www.youtube.com/watch?v=L6P3nI6VnlY&feature=emb_title

Bad Boys For Life (2020)

Дуото детективи на Мајами, Мајк Лаури и Маркус Барнет мора да се соочат против мајка и син кои спроведуваат одмаздувачки хаос во нивниот град.

The Rhythm Section (2020)

Млада жена бара одмазда против оние кои оркестрирале авионска несреќа во која загинало целото нејзино семејство.

The Hunt (2020)

12 странци се будат на непознат терен. Тие не знаат каде се наоѓаат или како стигнале таму. Безмилосни елитисти се собираат на определена локација за да ги ловат овие луѓе како еден вид на спорт.

https://www.youtube.com/watch?v=sowGYbxTPgU&feature=emb_title

The Gentlemen (2019)

Американски иселеник се обидува да ја продаде својата високопрофитабилна империја на марихуана во Лондон.

Bloodshot (2020)

Реј Герисон, војник кој е убиен заедно со неговата жена, е повторно реанимиран со супер сили.

Ip Man 4: The Finale (2019)

Ип Мен и неговиот син се соочуваат со расна дискриминација откако стигнуваат во САД во потрага по подобар живот.

Coffee & Kareem (2020)

12-годишниот Карим Менинг ангажира криминалец за да го исплаши новото момче на неговата мајка. Но, работите тргнуваат прилично наопаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *