Кои карактеристики ги прават хороскопските знаци добри, а кои лоши пријатели?

Колку и да го сакате вашиот најдобар пријател, сигурно и тој има свои недостатоци. Веројатно сте свесни за нив, но токму тоа го прави вашето пријателство искрено.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-01.jpg

Доколку верувате во астрологија, тогаш знаете дека карактеристиките на една личност можат многу да зависат од нејзиниот хороскопски знак.

Па, за сите лоши, но добри особини на вашите пријатели, веројатно „виновна“ е астрологијата.

Во продолжение погледнете што го прави секој знак добар, а што лош пријател:

Овен

Добри карактеристики: Овенот секогаш ќе биде овде кога ќе ви треба. Истовремено, ако ви е потребен поттик за да направите нешто, Овенот е експерт за тоа.

Лоши карактеристики: Понекогаш Овните се импулсивни, па дури и детинести, а ако им го посочите ова веројатно ќе се навредат. Можат да имаат и проблем со темпераментот, особено ако нештата не се одвиваат како што си замислиле.

Бик

Добри карактеристики: Биковите не сакаат да трошат време – од моментот кога ќе ве запознаат, веднаш проценуваат дали сте достојни за нив. Но, штом сте во нивниот живот, тие ќе направат буквално сè за вас.

Лоши карактеристики: Сигурно сте забележале дека вашиот пријател Бик е тврдоглав и тешко е да го убедите во нешто. Друг проблем може да биде неговата брутална искреност – Бикот нема да премолчи ако нешто не му се допаѓа, дури и ако е банално.

Близнаци

Добри карактеристики: Речиси никогаш нема да ви биде здодевно со пријател во овој знак. Тој е во тек со сите нови случувања и секогаш е тука за вас ако ви се разговара.

Лоши карактеристики: Понекогаш Близнаците се толку многу фокусирани на нивното мислење, што воопшто не ги слушаат другите. Ова може да биде проблем ако навлезете во некоја тема во која ви се спротивставуваат мислењата.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-02.jpg

Рак

Добри карактеристики: Раковите се најпосветениот хороскопски знак, а истата посветеност важи и за пријателите. Ако имате лош ден – Ракот е овде да ве расположи, ако ви треба охрабрување – Ракот е овде и за тоа. Всушност, што и да ви треба, Ракот нема да ве остави сами.

Лоши карактеристики: Наклоноетоста на Раковите може да има и негативна страна. На пример, ако не им обрнувате доволно внимание, речиси сигурно ќе ги повредите нивните чувства. Истовремено, Раковите знаат да бидат и љубоморни на вашите други пријатели.

Лав

Добри карактеристики: На Лавовите не им е страв да прослават за вашите успеси. Всушност, за што и да треба да прославувате, Лавот со задоволство ќе ја организира забавата.

Лоши карактеристики: Лавовите имаат големо срце, но и големо его. Па, ако помислат дека не ги цените доволно, сигурно ќе настанат проблеми. Ако некогаш, пак, помислат дека сте им конкуренција, ќе дадат сè од себе за да ве победат.

Девица

Добри карактеристики: На Девиците им е потребно време да се зближат со некој, па штом имате пријател Девица, знајте дека вистински ве сака. Девицата ќе ве мотивира да ги исполните вашите цели, но и секогаш е подготвена да ви ја каже вистината, за ваше добро.

Лоши карактеристики: Девиците настојуваат да си поставуваат високи стандарди, а понекогаш го прават истото и за нивните пријатели. Ако не го следите нивниот совет, можно е дури и да се налутат.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-03.jpg

Вага

Добри карактеристики: Вагите се навистина дружељубиви и секогаш ќе ви помагаат да запознаете нови луѓе. Сакаат да се забавуваат и секогаш ќе се осигурат дека и вие си поминувате одлично.

Лоши карактеристики: Вагите не сакаат конфликти, па ако настане проблем меѓу вас, поверојатно е да си заминат, отколку да разговараат за тоа.

Скорпија

Добри карактеристики: На Скорпиите не им е страв ни од вашите најмрачни мисли и тајни. Па, со нив можете да споделите буквално сè, без страв дека ќе ви судат.

Лоши карактеристики: Сепак, ако го повредите пријателот Скорпија, подгответе се за најсуровата казна. Скорпиите се подготвени да направат многу кога станува збор за одмазда.

Стрелец

Добри карактеристики: Ако ви треба некој да ве расположи, обратете се кај Стрелецот. Овие луѓе се оптимисти и авантуристи и со нив никогаш не е здодевно.

Лоши карактеристики: Понекогаш морате да бидете сериозни, но Стрелците не секогаш го сфаќаат тоа. Покрај тоа, ако Стрелецот помисли дека веќе не сте забавна личност, без двоумење ќе ве отстрани од животот.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-04.jpg

Јарец

Добри карактеристики: Без разлика во што сте заглавиле, Јарецот е овде за да ве спаси. Овие луѓе нема да дозволат да ви се случи нешто лошо и секогаш ќе ви ја понудат нивната поддршка.

Лоши карактеристики: Јарците се највредниот знак во зодијакот, па понекогаш можат да го бараат тоа и од вас. Можат да ви кажат дека не се трудите доволно, па дури и да ве наречат мрзливи.

Водолија

Добри карактеристики: Водолиите се совршен пријател за длабоки и сериозни разговори. Тие имаат поразлични гледишта за светот и од нив можете да научите многу.

Лоши карактеристики: Од друга страна, Водолиите се доста независни личности и не секогаш имаат потреба да бидат во контакт. Одвреме-навреме знаат да се изолираат, а ова значи дека се недостапни кога ви се потребни.

Риби

Добри карактеристики: Понекогаш на сите ни треба личност која само ќе нè разбере, а Рибите го можат токму тоа. Нивната интуиција е на завидно ниво, па дури и да не кажете ништо, Рибите знаат што чувствувате, но и кој совет ви е потребен.

Лоши карактеристики: Сепак, Рибите не се снаоѓаат најдобро со донесувањето одлуки. Неретко ова им го наметнуваат на пријателите, а многу често го менуваат и мислењето – нешто што е проблематично кога треба да направите план.

koi-karakteristiki-gi-pravat-horoskopskite-znaci-dobri-a-koi-loshi-prijateli-05.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *