„Не постојат грди жени, постојат само мрзеливи“ – Цитати од најпознатите модни дизајнери

Доколку фудбалот е најважната споредна работа на светот за мажите, тогаш модата е дефинитивно за жените. Но, модата не е ексклузивно женско право. Веќе одамна луѓето ја користат како основно средство за изразување на сопствената личност.

Citati-od-najpoznatite-modni-dizajneri-01.jpg

Но што рекле најпознатите модни дизајнери на оваа тема? Какви пораки им упатиле на своите клиенти? Прочитајтe ги нивните цитати:

Грижата за убавината, треба да почне од срцето и душата. Во спротивно никаква козметика не помага. – Коко Шанел

Годините на жената не се важни: на 20 години може да предизвикувате восхит, на 40 години може да маѓепсувате, а неодоливи може да бидете до крајот на животот. – Коко Шанел

Немојте претерано да се задлабочувате во трендовите. Немојте да ѝ дозволите на модата да владее со вас, самите одлучете кои сте и што сакате да кажете со својата облека и начин на живот. – Џани Версаче

Маркантен маж е најдобриот моден додаток за жената. – Коко Шанел

Да се биде елегантна не значи да бидете нападни, да се биде елегантна значи да се врежете во памтењето. – Џорџо Армани

Добро скроениот фустан ќе ѝ прилега на секоја жена. Точка. – Коко Шанел

Мирисот е ненадминлива нијанса на женската индивидуалност, тој му го дава последниот детаљ на вашиот изглед. – Кристијан Диор

Кога одбирате модни додатоци, извадете го она што сте го ставиле последно. – Коко Шанел

Тоа што го носите означува како ќе се претставите пред светот, особено сега кога контактите се одвиваат толку брзо. Модата е директен јазик, разбирлив без превод. – Миуча Прада

Не постојат грди жени, постојат само мрзеливи. – Коко Шанел

Купувајте помалку, избирајте подобро и правете го тоа самите. – Вивиен Вествуд

Колку полошо се чувствува жената, толку подобро треба да изгледа. – Коко Шанел

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *