Сакала да го абортира, а сега е горда на него – Роналдо ѝ подари Mercedes на мајка му за „Денот на мајката“

Во неделата се празнуваше португалскиот „Ден на Мајката“, па по тој повод, познатиот фудбалер ѝ подари Mercedes на својата мајка.

majkata-na-kristijano-ronaldo-si-dobi-mercedes-po-povod-potuglaskiot-den-na-majkata-01.jpg

Кристијано и мајка му Мариа Долорес се навистина блиски, таа имала и големо влијание врз кариерата на фудбалерот, па тој никогаш не штеди кога станува збор за неа, а тоа го докажа и со последниот подарок.

На 65-годишната горда мајка очигледно ѝ се допаднал подарокот и веднаш се пофали со фотографија.

„Им благодарам на децата за подароците што ги добив денес. Среќен празник за сите мајки“, напиша Мариа на Instagram.

Покрај на својата мајка, во истата објава Роналдо ѝ го честиташе празникот и на Џорџина Родригез, која е мајка на едно од неговите деца. 

„Среќен Ден на мајката до моите две посебни жени“, напишал фудбалерот под фотографиите со Марија и Џорџина.

Португалскиот Ден на мајката се празнува во првата недела од мај.

Инаку, пред неколку години мајката на Роналдо откри дека сакала да го абортира, но сега е среќна што не се случило тоа, се гордее со него и постојано е поддршка за неговата сакана и внуците. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *