3 намирници од кои не треба да правите огромни залихи

Сега, кога многумина од нас прават неделни залихи и планови за тоа што ќе се јаде, за да се избегне честото одење во маркет, не е ни чудо што во маркетите се чекаат долги редици.

3-namirnici-od-koi-ne-treba-da-pravite-zalihi-vo-vreme-na-korona-virus-001_resize.jpeg

Но, не дозволувајте било што да ви го замати умот, па да правите залихи од производи кои на другите може да им значат живот, а вам не ви се баш неопходни во големи количини.

Дури и во нормални услови, не претерувајте со непотребна залиха на:

Кокосово масло

Ова масло може да биде неопходно за лицата кои патат од болести на црниот дроб и песок во жолчката.

Поради недостатокот на залихи, но и поради доцнењето со испорака на добавувачите, корисниците на кои им е неопходно може да останат без него, ако другите го купуваат нерационално.

Смрзнато шумско овошје

Неопходно за лицата со хронични бубрежни болести, бидејќи за нив не е препорачливо да ги консумираат сите видови овошје.

Шумското овошје содржи минерали кои не ги оптоваруваат бубрезите, па не им го скратувајте ова задоволство, кога вие имате уште најмалку 10-тина други овошја кои можете без проблем да ги консумирате.

Производи без глутен

Освен ако докторот не ви препишал нивно користење, не ги купувајте непотребно и на другите не им ја земајте храната која им е неопходна за здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *