Како да ја ублажите забоболката кога не можете да посетите стоматолог?

Речиси и да не постои полоша болка од забоболката. Штом забот еднаш ќе почне да ве боли, се чини како никогаш да не престанува, па одењето на заболекар е единственото решение.

kako-da-ja-ublazhite-zabobolkata-koga-ne-ste-vo-mozhnost-da-posetite-zabolekar-01.jpg

Но, понекогаш не сте во можност да го направите тоа, па мора да се снајдете сами.

Постојат неколку начини да ја ублажите забоболката со продукти што ги имате во домот. Сепак, не заборавајте дека ова е привремено решение и дека треба да посетите стоматолог веднаш штом ќе ви се укаже можност. Уште подобро ако во меѓувреме го контактирате телефонски за совет.

Погледнете како да ја ублажите забоболката во домашни услови:

Плакнење со солена вода

Ова е најлесниот начин да ја ублажите болката.

Измешајте половина лажичка сол со една чаша топла вода. Плакнете ја устата со течноста 20-30 секунди и внимавајте да не голтнете. Плукнете ја солената вода и повторете уште еднаш или двапати.

Лекови против болка

Ако болката е неподнослива, можете да испиете и лек против болка. Веројатно и прво помисливте на ова штом се појавила болката.

Сепак, пред да го направите тоа, подобро консултирајте се со вашиот стоматолог телефонски – тој ќе ви каже што точно да испиете и колкава доза ви е потребна.

kako-da-ja-ublazhite-zabobolkata-koga-ne-ste-vo-mozhnost-da-posetite-zabolekar-03.jpg

Ладни облоги

Ако имате и оток на лицето, ладната облога може да ви помогне да се справите со него и малку да ја намалите болката.

Штом се појавил и оток, можеби станува збор за нешто посериозно, па не одложувајте го одењето на лекар.

Лук

Се верува дека во лукот има состојка што ја намалува болката. Не е точно познато дали ќе ви помогне да се ослободите од забоболката, но можете да пробате со џвакање чешне лук.

Единствениот несакан ефект во овој случај е непријатниот здив.

Можни причини за забоболка

Важно е што побрзо да ја најдете причината за болката, со цел да избегнете компликации во иднина.

Според Американското здружение на заболекари, болката во забите може да биде предизвикана од неколку работи:

– Кариес

– Болест на непцето

– Апсцес

– Растење на заб

Болката може да биде и поради повреда, иритиран нерв, но и поради иритација на ткивото околу забот.

kako-da-ja-ublazhite-zabobolkata-koga-ne-ste-vo-mozhnost-da-posetite-zabolekar-02.jpg

Кога да одите на заболекар?

Како што напоменавме, најдобро е штом jа почувствувате болката да се упатите на заболекар.

Ако, пак, се појават отоци, треска и други знаци на инфекција (крвавење, екстремна чувствителност на топло и ладно или чуден вкус во устата), никако не прескокнувајте ја посетата на стоматолог, но периодов ќе мора прво да се консултирате телефонски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *