Кога Бугарка ќе претера со филери – Како изгледа девојката со најголемите усни?

Можеби досега Кајли Џенер ги имаше најпрепознатливите, полни усни, но оваа девојка од Бугарија сигурно ќе ѝ ја земе титулата.

posle-20-injekcii-devojka-od-bugarija-gi-ima-mozhebi-najgolemite-usni-vo-svetot-foto-01.jpg

Андреа Иванова сака да ги има најголемите усни во светот, а за таа цел веќе има ставено 20 инјекции.

22-годишната девојка ја започнала трансформацијата во 2018-та, а оттогаш има потрошено илјадници евра за да јa постигне целта.

posle-20-injekcii-devojka-od-bugarija-gi-ima-mozhebi-najgolemite-usni-vo-svetot-foto-02.jpg

До декември 2018-та, нејзините усни веќе биле четирипати поголеми, но Андреа не била задоволна. Па така, на 28-ми април годинава, таа ја ставила 20-тата инјекција со хијалуронска киселина. Интересно е што сè уште не била убедена дека ги има најголемите усни.

„Многу ги сакам моите нови усни. Ми беше тешко да јадам после инјекцијата и 2-3 дена после процедурата ми е најтешко. Ги сакам моите усни. Не сум сигурна дека се најголемите во светот, но мислам дека се едни од најголемите“, вели младата девојка.

Андреа добила совет од неколку лекари да престане со филерите, но таа не се откажува. Наводно, ништо немало да ја спречи да стигне до посакуваната цел.

„Некои лекари сметаат дека е доста. Мојот лекар вели дека ќе ми стави уште инјекции, но морам да почекам барем два месеци.“

View this post on Instagram

#memories #2k18 #2018

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on

Наводно, Андреа веќе престанала да брои колку ја чини ова, но кога ќе се земе предвид цената на еден третман, веројатно има потрошено повеќе од 3.200 долари на нејзиниот изглед.

Младата девојка го споделува нејзиното искуство на Instagram, каде што има над 32.000 следбеници.

View this post on Instagram

#night 🌸🌺#girl

A post shared by Andrea Ivanova (@andrea.andrea345) on

Иако има слушнато многу критики на сметка на нејзиниот изглед, Андреа вели дека не ѝ е грижа што мислат другите, сè додека таа е задоволна од себе.

До каде се подготвени да одат девојките со овие луди идеи?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *