Том Круз се надмина – од НАСА ја потврдија соработката за снимање филм во вселената

Филмоманите долго се убедени дека во иднина ќе снимаме филмови и во вселената, но изгледа дека ќе го дочекаме ова многу побрзо.

od-nasa-potvrdija-tom-kruz-kje-snima-film-vo-vselenata-01.jpg

Имено, Том Круз и НАСА веќе почнале да го планираат филмот кој ќе се сними во вселената, односно на Меѓународната вселенска станица.

Веста беше и официјално потврдена, од страна на администраторот на НАСА, Џим Бриденстајн:

„Од НАСА сме возбудени што ќе соработуваме со Том Круз за филм на Меѓународната вселенска станица. Популарните медиуми треба да инспирираат нова генерација инженери и научници, кои ќе ги направат амбициозните планови на НАСА реалност“, напишал тој на Twitter.

Том Круз е веќе познат по снимањето опасни сцени за Mission Impossible, но наводно, овој филм нема да биде поврзан со популарната франшиза. Истовремено, се зборува и дека SpaceX на Илон Маск ќе биде вклучена во проектот, но нема официјална потврда. 

od-nasa-potvrdija-tom-kruz-kje-snima-film-vo-vselenata-04.jpg

Од SpaceX немаат потврдено ништо, но се верува дека Том Круз ќе оди до станицата со нивниот вселенски брод Crew Dragon, кој е дизајниран за транспорт на екипаж од четворица луѓе, до и од орбитата на Земјата.

od-nasa-potvrdija-tom-kruz-kje-snima-film-vo-vselenata-03.jpg

Сепак, Илон Маск остави коментар на објавата на Џим, велејќи дека проектот би требало да биде забавен. Па, најверојатно, и тој ќе сака да му се приклучи на тимот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *