Додека некои во Македонија бесат верверички, други им даваат млеко (фото)

dodeka-nekoi-vo-makedonija-besat-ververichki-drugi-im-davaat-mleko-foto-01.jpg

Емотивна фотографија направена во Скопје со верверчика што пие млеко од шприц ни е позитивa на денот.

И додека некои луѓе прават грозоморни работи како бесење на верверички, други спасуваат животи и ги ранат.

„Некој монструм ќе беси верверички во Соње, а некои дечки со големо срце ќе спасуваат. Малово бонбонче двајца прекрасни момци го најдоа на Средно Водно, паднало од високо дрво и се повредило.

Не го оставиле, го земаа и ми го дадоа и сега се дружи со уште три поголеми другарчиња кои ги најдоа во Влае.

Го викаме Сречко, на моменти и Сугаре, зошто е најмалечко и со цела сила се бори да се вклопи и трчка со другите вервери“, напиша Тина Мицковска, портпарол на ЗОО Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *