Безбедни и интимни куќарки со поглед – Како ќе уживаат гостите во ресторан во Амстердам? (фото)

Ресторан во Амстердам понуди навистина интересно решение, со коешто им овозможува на гостите да уживаат во оброкот на поголема дистанца од другите, односно целосно одвоени.

karantinski-stalkenici-interesno-reshenie-na-restoran-od-amsterdam-za-socijalnoto-distanciranje-01.jpg

Станува збор за таканаречени карантински стакленици, во кои има само една маса, така што целосно е изолирана од другите. Односно, секој клиент си добива свој мал стакленик во вид на куќичка.

Стаклениците се наоѓаат покрај канал и во нив е сместена мала кружна маса и 2-3 столчиња. Интересно е што стаклениците се толку мали, што во нив не може да влезе никој од вработените, а храната ја носат со долг послужавник.

karantinski-stalkenici-interesno-reshenie-na-restoran-od-amsterdam-za-socijalnoto-distanciranje-02.jpg

Засега услугата ја тестираат само на семејството и пријателите на вработените, а според веб-сајтот на ресторанот, пополнети се речиси сите резервации.

Вработените пак, носат ракавици и визири, со цел да се намали ризикот од инфекции.

karantinski-stalkenici-interesno-reshenie-na-restoran-od-amsterdam-za-socijalnoto-distanciranje-04.jpg

Според оние кои веќе ги пробале стаклениците, целото искуство било пријатно, а стаклениците биле навистина удобни.

karantinski-stalkenici-interesno-reshenie-na-restoran-od-amsterdam-za-socijalnoto-distanciranje-03.jpg

Директорот на ресторанот вели дека претходно веќе имале уметнички инсталации со овие мали стакленици. Кога ја земале предвид сегашната ситуација, решиле да ги прилагодат стаклениците за гости, а идејата се покажала како одлична.

https://www.instagram.com/p/B_j_4Iklpis/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *