Дедо од Македонија, мерак за Русинки – неколку факти за најпопуларниот балкански актер Милош Биковиќ

Милош Биковиќ е роден во Белград на 13 јануари 1988 година. 32-годишната ѕвезда е филмски, телевизиски и театарски глумец.

Nekolku-fakti-za-Milos-Bikovikj-01.jpg

Улогата која го прослави е онаа на Александар Тирнаниќ „Тирке“ во филмот на Драган Бјелогрлиќ – Монтевидео, Бог те видео!, иако претходно имал уште неколку помали улоги.

Биковиќ зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик, а дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ.

Добитник е на неколку филмски престижни награди од регионот, а се појавил и во 2 музички спота.

Актуелен е со последниот филм од 2019 година The Balkan Line или Balkanskiy rubezh во руско-српска продукција како и со улогата на Петар Мараш во ТВ серијата Јужни ветар.

Во неодамнешно интервју, згодниот актер изјави дека неговиот дедо од страната на татко му е од Берово, што значи дека актерот има македонско потекло.

Неговото богатство се проценува од 100.000 до 1 милион долари.

Во хороскоп е Јарец, висок е 188 cm, а во моментов се претпоставува дека е сингл.

Биковиќ имал 2 посериозни врски во минатото, едната со Саша Лус, 27-годишен руски модел, во времетраење од 2015 до 2016 година.

Nekolku-fakti-za-Milos-Bikovikj (1).jpg

Втората врска му била со Аглаја Тарасова од 2016 до 2018 година. Аглаја е 25-годишна руска актерка.

Nekolku-fakti-za-Milos-Bikovikj (2).jpg

На Инстаграм го следат речиси 2 милиони обожаватели. Погледнете како изгледа прекрасниот актер:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *