3 сосови кои и најдосадната салата ќе ја направат вкусна

Доаѓа време кога многу почесто ќе јадеме салати, што поради виоките температури, што поради големиот избор на зеленчуци…

3-sosovi-koi-i-najdosadnata-salata-ke-ja-napravat-vkusna-01_resize.png

Добро е понекогаш да ја промените класиката, односно маслото и оцетот да ги замените со некој вкусен сос кој и од наједноставната марула може да создаде совршена хармонија на вкусови.

Ви предлагаме 3 такви:

Прелив од мед и сенф

Одлично оди со салати со пилешко, бело месо, домати, кромид и авокадо.

Состојки:

  • 1/3 шолја мед
  • 5 лажички сенф
  • 1-2 лажички јаболков оцет
  • Сол
  • Малку ситно сечкан лук, по желба
3-sosovi-koi-i-najdosadnata-salata-ke-ja-napravat-vkusna-02_resize.jpg

Прелив од сусам и ѓумбир

Овој сос додава малку егзотичен, по малку ориентален вкус на сите салати од тестенини или на салатите од рендана зелка, морков и цвекло.

Состојки:

  • ½ шолја масло
  • ¼ шолја оцет
  • 3 лажички соја сос
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 2 лажички ситно сечкан лук
  • 1 лажичка рендан ѓумбир
  • 1 лажичка потпечен сусам
3-sosovi-koi-i-najdosadnata-salata-ke-ja-napravat-vkusna-03_resize.jpg

Прелив од сино сирење

Ова е опција за сите кои сакаат силни вкусови, а добро одговара со сите видови на зеленчуци, во комбинација со пропржена сланина.

Состојки:

  • 100g сино сирење
  • 4 лажички нискомаслена павлака
  • 3 лажички мајонез
  • Малку вински оцет
  • Насечкан лук и магдонос, доколку сакате
  • Бибер и сол
3-sosovi-koi-i-najdosadnata-salata-ke-ja-napravat-vkusna-04_resize.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *