„Животот на жената вистински почнува во 40-тите, дотогаш само истражуваме“

Сите жени кои имаат над 40 години: Опуштете се и климајте со главите.

Zivotot-na-zenite-vistinski-pocnuva-vo-40-tite-01.jpg

Сите жени кои се помлади од 40 години: Опуштете се и слушајте добро.

Сите мажи: Опуштете се и прифатете го ова така како што е.

Ова е извадок од емисијата на Енди Руни „60 минути“ на CBS каналот. Тој објаснува:

„Како што стареам, сè повеќе ги почитувам жените кои се постари од 40 години. Еве неколку причини:

Жената која веќе наполнила 40 години никогаш нема да те разбуди во средината на ноќта за да те праша „За што размислуваш во моментов?“ … едноставно не ја интересира.

Кога жената постара од 40 години не сака да го гледа натпреварот на ТВ, таа нема да седи покрај тебе и да се жали. Таа ќе си го исполни времето со нешто друго, нешто за што е расположена. А кај поголемиот дел тоа нешто е многу позабавно од спортски натпревар.

Жената која наполнила 40 години доволно добро се познава самата себеси за да знае која е, што е, што сака. И од кого сака нешто.

Многу мал број на жени постари од 40 години навистина ги интересира што мислите за нив. Жените постари од 40 години зрачат со гордост. Ретко ќе направат некаква непријатна сцена на некој настан. Но, ако си го заслужил тоа нема да се двоумат за да те казнат.

Со текот на годините жените стануваат видовити. На жената постара од 40 години не мора да ѝ кажуваш што си направил – таа веќе знае! Жената постара од 40 години изгледа прекрасно кога ќе стави црвен кармин, што не може да се потврди за голем број на помлади жени.

Постарите жени се посигурни, поискрени и покомуникативни. Тие ќе ги кажат отворено кога се однесуваш како будала. Никогаш нема да мора да се прашуваш какво мислење имаат за тебе.

Да, постојат многу причини зошто ги почитуваме жените постари од 40.

За жал, понекогаш другото не вреди…

На секоја сјајна, интелигентна, привлечна жена постара од 40 години честопати доаѓа и еден остаток од нешто, со дебел стомак пикнат во жолти шорцови кој поради 20-годишна келнерка прави мајмун од себе…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *