Како познатите мајки се ослободија од вишокот килограми после бременоста?

Секоја мајка ќе ви каже дека колку и да уживала во бременоста, вишокот килограми после породувањето ѝ предизвикувал проблем.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-01.JPG

Вистински предизвик е да ослабете откако на свет сте донеле човечко суштество и не би требало да бидете престроги кон себе само затоа што имате некој килограм плус.

Сепак, важно е да знаете дека слабеењето после бременоста не е невозможно, а славните мајки се одличен пример за тоа.

Во продолжение погледнете како познатите мајки се справиле со вишокот килограми после бременоста:

Хали Бери вежбала и во текот на бременоста

Сите фанови знаат дека Хали Бери води навистина активен живот, а токму ова ѝ помогнало да се ослободи од килограмите после бременоста.

Актерката продолжила со вежбање до 7-иот месец од бременоста. После породувањето почекала да закрепне, па продолжила со интензивниот тренинг.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-02.JPG

Џеј Ло си дала време, а потоа почнала со кардио

Во последно време, Џеј Ло најмногу внимание привлече со неверојатниот изглед на настапот на Superbowl. Таа изгледаше фантастично и покрај тоа што има родено и веќе има 50 години.

Пејачката почнала со вежбање 4 месеци после породувањето. Најпрво пешачела, а потоа почнала со кардио.

Денес тренинзите на Џеј Ло траат од 45 минути, па до два часа.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-03.JPG

Џесика Алба следела план направен за нови мајки

Не секој може сам да си направи програма за вежбање, па актерката Џесика Алба побарала помош од Рамона Браганза. Рамона е жената која го направила планот за слабеење за нови мајки, познат како 321 Baby Bulge Be Gone.

Според оваа програма, мајките почнуваат со поедноставни вежби, чиј интензитет се зголемува во период од 3 месеци.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-04.JPG

Хајди Клум вежбала и по два часа дневно

За оние кои навистина сакаат да ослабат, не e реткост да вежбаат и подолго од еден час. Во оваа категорија спаѓа и Хајди Клум.

Хајди почнала со вежбање само поради една цел и останала истрајна додека не го видела посакуваниот резултат.

Таа ја следела програмата The Ultimate New York Body Plan, а понекогаш вежбала и дома.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-05.JPG

Наоми Вотс повеќе се фокусирала на здравата исхрана

Наоми е доказ дека нема потреба да се препотувате во теретана за да ја постигнете целта.

Наоми одбрала порелаксиран пат – правела едноставни вежби, а повеќе се фокусирала на здравата исхрана.

Со текот на времето почнала да прави и вежби со тегови, но и да трча.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-06.JPG

Џулија Робертс не се откажала од храната и правела вежби во базен

Џулија одбрала да вежба во базен за да се ослободи од вишокот килограми.

Наводно, нејзиниот фитнес тренер ја советувал да го прескокне држењето диети и да се фокусира на вежбите.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-07.JPG

Мила Јовович следела план за вежбање и план за исхрана

Мила Јовович е позната по атлетската градба, па не е ни чудо што се врати во топ форма кратко по бременоста.

Таа го следела планот за исхрана познат како 5-Factor Diet, а вежбала според програма 5-Factor Fitness.

Програмата за вежбање има 5 фази кои ги активираат сите мускулни групи. Притоа, вклучени се и кардио вежби за поефикасно согорување на калориите.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-08.JPG

Жизел Бундхен слабеела со кунг фу и јога

Жизел има изјавено дека многу внимавала што јаде дека била бремена. Наводно, ова ѝ помогнало да ја контролира нејзината тежина уште во текот на бременоста.

Притоа, таа вежбала кунг фу и јога, кои ѝ помогнале да го зацврсти секој мускул додека била бремена.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-10.JPG

Хилари Даф не брзала да ослабе

На Хилари ѝ била потребна една година и неколку месеци за да се врати во форма. Таа има изјавено дека луѓето ја критикувале поради ова.

Сепак, и покрај сиот притисок, таа го следела темпото што ѝ одговара најмногу.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-11.JPG

Дру Баримор најмила личен тренер

Дру Баримор ужива во вежбањето, а додека се ослободуваше од килограмите од бременоста го споделуваше напредокот со нејзините фанови.

Иако на повеќето целта им е да ослабат, Дру се фокусирала на тоа да се чувствува здраво, и физички, и ментално.

Во едно интервју, таа дури изјави дека воопшто не ѝ било грижа колку килограми има.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-12.JPG

Ким Кардашијан се потпрела на Аткинсоновата диета

Иако Аткинсоновата диета, исто како и кето диетата, редовно е критикувана, Ким решила да ѝ даде шанса.

Таа откри дека слабеењето после бременоста ѝ било едно од најтешките работи што ги направила, но успеала да се ослободи од килограмите со помош на диетата и со пешачење, но и вежбање.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-13.JPG

Ниту Пинк не брзаше да ослабе

Пинк е уште една ѕвезда со атлетска градба и навистина сака да вежба.

Сепак, има изјавено дека вежбањето после бременоста ѝ било тешко и слабеењето ѝ одело побавно. Важно е што на крај ја постигнала нејзината цел.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-14.JPG

Гвинет Палтроу вежбала со децата

Изгледа дека Гвинет никогаш не бара изговори кога станува збор за вежбање. Еднаш таа изјави:

„Секоја жена може да одвои време. Секоја жена. Mожете да вежбате и додека вашето бебе е во собата.“

Во истото интервју таа додаде и дека ако навистина сакате да ослабете, ќе најдете начин да го направите тоа.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-15.JPG

Кејт Хадсон вежба секој ден

Нема личност која не се прашуваше како Кејт Хадсон се врати во форма толку брзо по породувањето. Изгледа одговорот е едноставен – таа навистина сака да вежба.

Кејт вежбала секој ден и има изјавено дека кога ѝ станувало напорно, само продолжувала да се турка.

kako-slavnite-majki-se-oslobodija-od-vishokot-kilogrami-posle-bremnosta-16.JPG

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *