Што точно се случи со Ријана и Џеј Зи – зошто ѕвездите не соработуваат повеќе?

Можеби конечно, после толку години, ќе дознаеме што точно се случи помеѓу поп принцезата и хип-хоп могулот. 

Sto-tocno-se-sluci-so-Rijana-i-Dzej-Zi-01.jpg

Моќното музичко дуо најпрепознатливо по хитот „Umbrella“ не зборува и не соработува години наназад. Одговорот за овој развој на настаните можеби се крие во новиот документарен филм за Ријана во продукција на Амазон.

Но, сите се прашуваат – зошто Ријана и Џеј Зи повеќе не се пријатели и соработници?

Ријана се чини дека е окупирана со својата козметичка линија Fenty и неколку други проекти, но документарниот филм е при крајот на изработката и неминовно ќе биде објавен.

Rihanna: Volume One доаѓа наскоро и ќе содржи многу пикантерии од приватниот и професионалниот живот на Рири во режија на Питер Берг.

Sto-tocno-se-sluci-so-Rijana-i-Dzej-Zi (4).jpg

Според извори, документарецот ќе содржи и неколку интересни, експлозивни детали поврзани со кавгата помеѓу ѕвездите.

Ријана ги наброила проблемите коишто ги имала со нејзиниот менаџер од RocNation како и со Џеј Зи. Таа сугерира дека Џеј Зи без нејзино знаење предвремено го објавил нејзиниот албум Anti, со цел да предизвика поголем интерес за албумот на Бијонсе, Formation.

Sto-tocno-se-sluci-so-Rijana-i-Dzej-Zi (1).jpg

Во јануари, 2016 година, долгоочекуваниот албум на Ријана беше пуштен на TIDAL многу порано отколку што требало, а Ријана им понуди на фановите кодови со цел да го преслушаат албумот бесплатно. Според Ријана, Џеј Зи намерно го направил ова и неговата постапка ја уништила врската помеѓу неа и семејството Картер.

Од TIDAL пак изјавиле дека се работи за случајна, системска грешка поради предвременото пуштање на албумот во етерот.

Дел од озборувањата вклучуваат афера помеѓу Џеј Зи и Ријана во минатото.

Sto-tocno-se-sluci-so-Rijana-i-Dzej-Zi (3).jpg

Во одреден период во 2005 година кога Бијонсе и Џеј Зи биле раскинати, се шпекулира дека раперот имал афера со тогаш 17-годишната Ријана, но овие информации не се официјално потврдени никогаш.

Во декември, 2019 година одекна веста за документарниот филм Rihanna: Volume One кој ветува дека ќе понуди нецензуриран пристап до животот на пејачката. Можеби преку него подобро ќе дознаеме што точно се случило помеѓу двете ѕвезди.

Sto-tocno-se-sluci-so-Rijana-i-Dzej-Zi (5).jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *