Колку чинел билет за прва класа на Титаник? – Интересни факти со кои ќе научите нешто ново

Знаевте ли дека постои држава во која нема комарци? А, знаете ли кои настани се „виновни“ за создавањето на YouTube и Google Images?

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-01.jpg

Во светот постојат и се случуваат безброј работи, а многу од нив се навистина интересни.

Во продолжение прочитајте неколку интересни факти со кои ќе научите нешто ново:

Во Исланд нема комарци

Ова е доволна причина уште веднаш да посакате да се преселите во Исланд (во нормални услови). Имено, таа е една од ретките места на Земјата, каде нема да страдате од убод од комарци.

Причината за ова е брзата промена на времето и климата во Исланд. Дури и кога ќе дојдат потопли температури, тие паѓаат повторно многу побрзо отколку на други места, па комарците немаат време да се размножат и да опстанат на ладното време.

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-02.jpg

Најскапиот билет на Титаник чинел 68.000 долари

Се верува дека највисоката сума што била платена за престој во прва класа на Титаник е тогашни 2.560 долари. Денес, ова е вредност од околу 68.000 долари.

Една од патничките кои го купиле овој билет е Шарлот Дрејк Кардеза. Наводно, таа имала апартман со две соби, дневна, две простории за гардеробер, па дури и приватен дел на палубата.

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-03.jpg

Рис Витерспун требало да го позајмува гласот во „Brave“

Познатата актерка речиси добила улога во легендарниот „Brave“. Дејството на филмот се одвива во Шкотска, а бидејќи шкотскиот акцент на Рис бил многу лош, таа не станала дел од тимот.

Подоцна, Рис изјави дека отсекогаш имала проблем со имитирањето акценти.

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-04.jpg

Познатиот зелен Versace фустан на Џеј Ло е причината за креирањето на Google Images

Тој период, фустанот на Џеј Ло бил најпребаруваното нешто на Google. Тогаш, од компанијата сфатиле дека на корисниците ќе им треба алатка за пребарување само слики, па инспирирани од овој настан набрзо ја создале алатката Google Images.

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-05.jpg

YouTube бил инспириран од „скандалот“ на Џенет Џексон и Џастин Тимберлејк на Super Bowl

Се сеќавате ли на настапот за кој зборуваа сите, кога Џенет Џексон имаше „проблеми“ со гардеробата?

Наводно, еден од креаторите не можел да најде никаде по интернет видео од случката, па оттука се родила идејата да направат платформа за прикачување и споделување видеа.

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-06.jpg

Жешката и студената вода прават различен звук при претурање

Веројатно никогаш не сте го забележале ова, но сега сигурно имате време да го пробате.

Ако претурите жешка или студена вода од еден во друг сад, можете да препознаете за која од двете станува збор според звукот.

Главна причина за ова е вискозноста на водата, која се менува со промената на температурата.

kolku-chinel-bilet-za-prva-klasa-na-titanik-interesni-fakti-so-koi-kje-nauchite-neshto-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *