8 работи кои е добро да ги направите пред 8 часот наутро, за енергија

Сите имаме лоша навика да го одложуваме животот за подоцна. „Ќе го завршам тоа подоцна“ е реченица која ја помислуваме барем 10 пати во текот на денот.

8-raboti-koi-e-dobro-da-gi-napravite-pred-8-casot-nautro-za-energija-01.jpg

А, за работите да тргнат во подобра насока, кога е вашиот живот во прашање, сепак би требало да делувате сега.

Така, секое утро кога ќе се разбудите, препорачливо е да ги направите овие работи пред часовникот да отчука точно 8 часот:

1. Спијте 7 часа

Или еден час-два повеќе, како ви одговара. Но, бројката 7 часа сон мора да ја исполните.

2. Медитирајте

Или едноставно седете во тишина 10-тина минути и фокусирајте се на сегашноста, на дишењето. Не ви требаат комплицирани мантри за да постигнете мир.

3. Активирајте се физички

Не мора да истрчате маратон штом станете, но неколку лесни вежби за истегнување ќе ве наполнат енергија уште пред првата шолја кафе.

4. Појадувајте протеини

На пример – сланина и јајца. Се препорачува барем 30 грама протеини во текот на појадокот, 30 минути по будењето.

8-raboti-koi-e-dobro-da-gi-napravite-pred-8-casot-nautro-za-energija-02.jpg

5. Туш со ладна вода

Многу светски стручњаци и лекари тврдат дека 5 минути ладен туш може да направи чудо за телото – од будење, до подобар крвен притисок и посилен имунитет.

6. Слушајте или прочитајте нешто корисно

Пуштете си музика која ве расположува, прочитајте 2-3 страни од некоја книга или изгледајте некое мотивационо видео, како замена за 10 минути скролање по социјални мрежи штом се разбудите.

7. Преслушајте се

Дали знаете каде одите денес? Што би сакале да завршите? Што ви треба да купите? Ако ги знаете своите цели за денот многу полесно работите ќе си дојдат на свое место.

8. Направете еден чекор кон долгорочната цел

„Утре“ е денес. Не го одложувајте она што го сакате. Време е да се погрижите за себе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *