Од места кои треба да ги посетите: Лазарополе, таму најгоре…

Таму природата е распослана само за наши очи. Таму воздухот е чист како солза. Таму мирот е бесценет. Лазарополе, таму најгоре.

mesta-koi-treba-da-gi-posetite-lazaropole-tamu-najgore-01.jpg

Сместено во областа Мијачија, на падините на планината Бистра, ова планинско село е едно од најубавите во Македонија. На надморска височина од 1300 метри вирее прекрасна природа – опкружено е со бујни дабови и букови шуми и питоми планински пасишта. Потсетува на швајцарските села со своето прекрасно зеленило и мали куќички.

Поради овие поволни услови, во овој крај е развиено овчарството и се прават највкусните млечни производи – кашкавал и сирење.

Летата се свежи и пријатни, а зимите благи и не многу сурови. Доколку не сте го посетиле, топло го препорачуваме.

Ова се некои од најубавите Инстаграм фотки за инспирација.

View this post on Instagram

♥️

A post shared by @ eliee.xx on

View this post on Instagram

Разгледница 😍

A post shared by Elena Dimitrievska (@dimitrievska10) on

View this post on Instagram

Tamu najgore

A post shared by Стефан Митрески (@stefanmitreski8) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *