10 клучеви на среќниот сексуален живот

10-klucevi-na-srekjniot-seksualen-zivot-001.jpg

Иницијативата е секси, а не срамота. Желбите не ви се чудни, туку само не ги кажувате на правиот партнер и уште неколку реченици кои треба да ги запаметите како клучеви за среќен сексуален живот:

1. Бидете свесни дека добриот секс не е нешто на што треба да бидете благодарни. Добриот секс е ваше апсолутно право.

2. Ентузијазмот и храброста се двете карактеристики кои ве прават секс експерт, не бројот на партнери кои сте ги промениле низ годините.

3. Уживајте во еротските филмови без грижа на совест – во пар, но и сами.

4. За вкусовите не се расправа. Не сте должни да правите нешто што не ви е погодено. Ниту пак, да присилувате некој друг да ви ги исполни желбите.

5. Вашите фантазии, колку и да се перверзни и необични, не ве прават чудак. И не треба да се срамите од нив.

6. Во текот на сексот жената не го забележува вишокот стомаче, ниту пак мажот ви го гледа целулитот. Тргнете ги мислите од таму.

7. Сексот е нешто по што треба да се чувствувате неизмерно среќно, а не мизерно.

8. Не мора да бидете заљубени за да искусите фантастичен секс. Нека не ве убедуваат во спротивното.

9. Повремено, пробајте нешто ново. Не го поврзувајте сексот со рутина.

10. Апсолутно е дозволено (читај пожелно) да покажете со соствени раце што сакате. Единствено нешто што може да добиете е уште подобар секс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *