Колку време им е потребно на секој од знаците да ви простат во животот?

Не секој од нас умее да просто брзо и лесно. На некое луѓе им е потребно многу повеќе време да ги процесираат овие емоции.

Kolku-vreme-im-e-potrebno-na-znacite-da-vi-prostat-01.jpg

Но, изгледа дека хороскопскиот знак има огромна улога во начинот и времето на простување. Пронајдете го својот и дознајте дали и колку умеете да држите лутина во животот и како стоите со простувањето:

Овен

Овенот држи лутина само кон оние кои навистина го налутиле, но дури и тогаш не трае премногу долго. Ќе ви биде можеби лут неколку денови, а потоа неочекувано ќе сфати дека треба да ви каже нешто навистина битно или едноставно ќе посака да се дружи со вас.

Според Овенот пријателствата се токму тоа – подеми и падови и пријателството не треба сосема да исчезне само доколку имате препрека на патот. Доколку навистина му значите на Овенот една кавга не е доволна за да престане засекогаш да зборува со вас. Потребни му се само 24 часа за да ја процесираат лутината и бесот во себеси, па веројатноста да се смирите е огромна и за брзо време.

Бик

Бикот ќе ја држи лутината додека не умре – па дури и тогаш можеби нема да ви прости. Доколку се водиме по негово, можеби ќе ве вметне и во тестаментот каде што точно ќе нагласи дека сè уште ви е лут и дека имате време да размислувате за грешките до крајот на животот. Да појасниме – Бикот држи многу лутина, еден од најголемите лутковци во астрологијата.

Неверојатно е тврдоглав како што веќе знаеме, и мрази кога не е во право, па може да ви се налути само затоа што не сте се согласиле со него дека е секогаш во право. Кога конечно ќе сфати дека можеби некаде греши сепак ќе биде доволно возрасен за да дојде и да се извини. Но, доколку вистински верува дека е во право, тогаш нема да слушнете извинување апсолутно никогаш.

Близнаци

Близнаците немаат трпение да држат лутина некому, што всушност е позитивна страна. Доколку нешто ги мачи ќе ви кажат тука и веднаш, без никакво заобиколување. Не можат да ги држат во себе работите кои ги измачуваат кога се нервозни и вознемирени,

Што се однесува до лутината, многу веројатно е дека ќе посакаат да ви кажат нешто интересно многу брзо, па ќе ви се лутат од прилика неполна минута. Близнаците само сакаат да се забавуваат со своите пријатели и веруваат дека држењето лутина не решава ама баш ништо. Доколку не ве сакаат покрај себе во животот – отворено ќе ви го кажат тоа. Инаку брзо простуваат и брзо и забораваат.

Рак

Ракот како еден од најчувствителните знаци во зодијакот може толку да се вплетка во сопствените емоции што ќе дозволи да му диктираат како ќе се однесува кон останатите работи и луѓе што ја вознемируваат (наместо да ја употреби логичната страна на размислување). Кога е лут некому може да држи лутина со години, особено доколку смета дека немало завршница на разговорот или кавгата.

Држењето лутина не е нешто што Ракот го сака, но го прави од потреба. На овој начин се обидува да се заштити себеси од луѓето кои го повредиле. Тој длабоко во себе сака да прости, но свесен е дека не може да заборави, што води до држење лутина со месеци и години.

Лав

Лавот верува дека секој во неговиот живот е присутен со причина. А доколку не може да најде доволна добра причина да сте околу него – ќе ве откачи. Тој ќе направи сè за да ги елиминира негативните вибрации во животот. Ќе ви биде лут сè додека не ја сфатите поентата и не научите лекција.

Слично како и Бикот, и Лавот може да држи лутина до последниот здив. Ќе ви даде до знаење дека не ве сака во неговиот живот и ќе продолжи да ве игнорира. Сепак, тој има премногу пријатели и успешна кариера, што е еден предавник помалку? Лавот умее да биде многу остар и многу студен непријател.

Девица

Позната е по тоа што може со месеци да држи лутина, но само доколку смета дека е вистински неопходно. Таа е сепак еден од ретките знаци кои прво ќе седнат и ќе разговараат со цел да го решат проблемот, бидејќи таа е зрел, возрасен човек, а не некое разгалено детенце. Но, кога нема да ѝ ја сфатите поентата, лесно ќе ви го заврти грбот.

Девицата го мрази секој што се обидува да го наруши нејзиниот интегритет. Свесна е дека умее да биде мошне интензивна, но таква е по природа. Може да прости многу брзо, но доколку некој ја натера да се чувствува лошо поради она што е таа ќе се налути силно и брзо и нема да прости додека искрено не ѝ се извините.

Вага

Вагата мрази да држи лутина некому. Кај неа е сè поврзано со љубов и среќа. Ќе направи сè што е во нејзина моќ со цел пријателството да не биде загрозено, без разлика колку лоша караница сте имале. Секако, како и секој знак во зодијакот, и Вагата има граница до која може да ги трпи нештата.

Држењето лутина не е нивна природна особина. Таа ќе помести планини со цел да бидете повторно пријатели. Но, доколку вистински ја повредите, толку многу што нема да може ниту да ве погледне во очи, Вагата може да држи лутина засекогаш и да не се чувствува лошо во врска со тоа.

Скорпија

Скорпијата ќе држи лутина засекогаш … и уште малку после тоа. Можеби ќе ви изгледа неразумно, но реалноста е дека таа само го заштитува своето срце и себеси. Скорпијата е тип на човек што многу работи, а љуби уште повеќе и посилно, па кога чувствува дека навлегува во опасна и жестока караница, природната реакција е да ве игнорира и да ви го заврти грбот.

Еден од најголемите стравови на Скорпијата е дека ќе дозволи да му прости на погрешниот човек, што ќе ја повреди по втор или трет пат. Дури и да се знаете со години, Скорпијата нема проблем да ви биде лута исто толку време колку што се знаете. Тоа не секогаш е правилната одлука, но на Скорпијата не ѝ е гајле.

Стрелец

Не е карактеристично за Стрелецот да држи лутина премногу долго време. Тој сака само да биде опуштен, релаксиран и да се забавува. Освен доколку намерно не му ги повредите чувствата, нема шанси да ви биде лут само за да му се извинувате секој ден до крајот на животот. Вообичаено, Стрелецот може да држи лутина само неколку денови, а потоа ќе заборави.

Секако, ќе се разлути, но нема да помине ниту една недела пред да посака да се дружи повторно со вас. А кога ќе го прашате дали ви е сè уште лут искрено ќе ви каже – Веќе заборавив и за што се расправавме! Не сака негативни чувства и емоции и ќе ги избегне по секоја цена.

Јарец

Јарецот го има испланирано животот уште од мали нозе: да има одлична работа и секако, да стане шеф, да започне свое семејство, да има неверојатна група на пријатели кои ќе му даваат поддршка и да не дозволи никој и ништо да го контролираат или манипулираат. Доколку не сте дел од неговиот план ќе ве избрише како воопшто да не сте постоеле.

Јарецот нема време за лажни луѓе, лоши пријателства и негативни емоции. Може да држи лутина засекогаш – ниту простува, ниту заборава. Најмногу од сè сака да ви даде до знаење дека не можете просто да го налутите или вознемирите и да заминете без казна. Според Јарецот, животот е премногу краток за луѓето да му диктираат што да прави во него.

Водолија

Водолијата е тип на знак што понекогаш повеќе си ги сака пријателите отколку што се сака самата себеси. Таа ќе направи апсолутно сè за своите пријатели – освен да престане да биде она што е. Кога станува збор за држење лутина може да биде лута и до неколку години доколку се чувствува навистина повредено и изневерено.

Во реалноста, Водолијата мрази кога држи лутина некому. Но, кога е вознемирена не може да се однесува поинаку колку и да сака. По една година од прилика може да се обиде да стапи повторно во контакт со вас, но доколку нејзината интуиција ѝ вели дека прави грешка, таа ќе се премисли и ќе ви каже дека смирувањето едноставно не е доволно вредно.

Риби

Рибите мразат кога завршуваат со повредени чувства, но наместо да дозволат извинување од двете страни, радо би ја држеле лутина додека не расчистат сами со себе што ќе прават. Кога ќе ги вознемирите Рибите бидете сигурни дека не сакаат да зборуваат со вас и не сакаат да слушнат извинување, барем не веднаш после кавгата.

Умеат да држат лутина до неколку месеци, а потоа ќе ви заѕвонат или едноставно ќе се појавата на вашата врата за да се смирите. Не сакаат некој да им ги повредува чувствата, но уште помалку сакаат да изгубат драгоцен пријател. Ќе дадат сè од себе за да заборават и простат, но само доколку и вие го вложите истиот напор. Рибите се свесни дека пријателствата не се вечни доколку луѓето не работат на нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *