Глобочица – природна убавина со езеро кое крие многубројни тајни (фото)

Глобочица е прекрасно село во областа Дримкол. Припаѓа во Општина Струга, а лоцирано е на патот помеѓу градовите Струга и Дебар. Селото се наоѓа на западните падини на Караорман, на брегот на езерото Глобочица.

Globocica-prirodna-ubavina-so-ezero-01.jpg

Заради потребите на градењето на хидроцентралата во 1964 година, населението морало да го напушти својот роден крај. Новоизградената населба брои околу 40-тина куќи.

Сепак, многу години подоцна, заеднички со многу труд и љубов, повратниците изградиле една нова Глобочица. Се вели дека во матната вода на Глобочичкото Езеро се кријат многубројни тајни, гробишта, старата потоната црква, дрвја, остатоци од куќите, предмети…

Езеро, шума, уредени шумски патеки, обновени цркви… Глобочица е природен бисер кој дише и доколку не сте го посетиле, ова лето имате одлична прилика и изговор за тоа:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *