Добра вест за сите велосипедисти – прифатен предлогот за задолжителен велосипедски паркинг за секој новоизграден објект

Велосипедот како превозно средство сѐ почесто се користи во Скопје, но и во другите градови, а проблемот со паркинг постои можност наскоро да биде решен. 

dobra-vest-za-site-velosipedisti-prifaten-predlogot-za-zadolzhitelen-velosipedski-parking-za-sekoj-novoizgraden-objekt-01.jpg

фото: НаТочак

Сите оние кои оделе со велосипед секаде, знаат колку може да биде мачно наоѓањето на сигурен паркинг, а некои дури немаат ни каде да го сместат кога се дома или на работа.

„НаТочак“, група ентузијасти за подобро велосипедско Скопје, како што се нарекуваат, веќе 2 години се борат и бараат велосипедскиот паркинг да стане задолжителен за сите новоизградени објекти.

dobra-vest-za-site-velosipedisti-prifaten-predlogot-za-zadolzhitelen-velosipedski-parking-za-sekoj-novoizgraden-objekt-02.jpg

На нивниот Фејсбук профил тие објавија одлична вест која ги радува сите велосипедисти – прифатен е нивниот предлог за задолжителен велосипедски паркинг да биде предвиден во предлог верзијата на Правилникот за урбанистичко планирање, кој наскоро треба да се усвои.

Се надеваме дека предлогот ќе биде целосно усвоен и дека велосипедистите ќе имаат повеќе простор за безбеден паркинг – замислете колку би било добро кога пред секоја зграда, градинка, училиште или друг објект ќе има паркинг и нема да мора да мислите каде ќе го заврзете вашето превозно средство?

Погледнете ја објавата на „НаТочак“:

Да, работите може да се менуваат и на подобро! 😊

Штотуку добивме информација дека нашиот заеднички предлог со БитолаНаТочак, ПрилепНаТочак, ТетовоНаТочак, NaТochak Gostivar, СтрумицаНаТочак и ШтипНаТочак од пред 2 години за задолжителен велосипедски паркинг за секој новоизграден објект е прифатен и вграден во работната верзија на новиот Правилник за урбанистичко планирање! 🥳

Па затоа во иднина задолжително ќе имаме велосипедски паркинг во сите нови училишта, станбени згради, спортски сали, секој нов парк, театар, спортска сала…

И тоа не само симболично туку точно определен минимален број на велосипедски паркинг места, во зависност од намената на објектот.

На пример:

☑️За станбени згради по минимум 1 паркинг место за станбена единица

☑️За комерцијални и деловни објекти минимум 1 паркинг место за велосипед на секои 50 м2 од вкупно изградената површина

☑️За образовни објекти минимум 1 паркинг место за велосипед на секои 5 ученици/студенти и по 1 паркинг место за велосипед на секои 10 вработени Итн.

Во Правилникот е пропишано и минимум 50% од овие места да бидат во затворен простор или под натстрешница. Пропишани се и димензиите.

Некои од овие стандарди од денешна перспектива сметаме дека треба да се зголемат и ќе пратиме дополнителен предлог, но сепак ова е една многу позитивна промена која ја поздравуваме!

Сепак, да си дозволиме да се израдуваме за оваа мала-голема победа!

Благодариме на сите за поддршката во двегодишната кампања за задолжителен велосипедски паркинг.

Благодариме и на оние кои работат на Правилникот и ја увидоа издржаноста на предлогот.

Борбата за подобри градови продолжува!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *