Позитива на денот: Женка Далматинец роди 18 кученца и фотките се неодоливи

По 14 часови породилни болки, храбрата Нели на овој свет донесе 18 прекрасни мали Далматинци.

pozitiva-na-denot-dalmatinec-rodi-18-kuchenca-i-fotkite-se-neodolivi-01.jpg

Нели ја прогласуваме за херој на 4 нозе. Прекрасната 3-годишна женка од расата Далматинец роди 18 кученца, по 14 часа минати во породилни болки.

Нели роди 10 машки и 8 женски кученца, а нејзината сопственичка вели дека е неверојатно горда на неа.

pozitiva-na-denot-dalmatinec-rodi-18-kuchenca-i-fotkite-se-neodolivi-05.jpg

„Мислев дека кученцата ќе престанат да излегуваат на бројка од 15, ми изгледаше како таа да заспа, но не, потоа дојде уште едно, па уште две потоа“, вели Луиз Томпсон, сопственичката на Нели.

Фотографиите од семејството на Нели дефинитивно се позитива на денот:

pozitiva-na-denot-dalmatinec-rodi-18-kuchenca-i-fotkite-se-neodolivi-04.jpg
pozitiva-na-denot-dalmatinec-rodi-18-kuchenca-i-fotkite-se-neodolivi-03.jpg
pozitiva-na-denot-dalmatinec-rodi-18-kuchenca-i-fotkite-se-neodolivi-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *