Летувајте во Охрид, Хотелскиот комплекс „ ЛАКИ ХОТЕЛ & СПА“ ги објави цените за оваа сезона

Хотелскиот комплекс „ ЛАКИ ХОТЕЛ & СПА“ – новиот хотелски Бисер на Охридската ривиера се подготвува за новата туристичка сезона според препораките на комисијата за заразни болести за работа во услови на пандемија. Веќе ги објавија цените за сите кои сакаат да летуваат и да уживат во прекрасниот Охрид.

Лаки Хотел & Спа 4* е микс на Западната и Источната хотелска култура и етика, ја спојува безвремената елеганција, комфор, луксуз, дизајниран простор и незаменлив поглед кон Охридското езеро и планинските пејсажи.

-Аранжман 5 дена / 4 ноќи со појадок- цена 120 eвра по лице
– Аранжман 8 дена / 7 ноќи со појадок – цена 196 eвра по лице

Хотелот со 4 ѕвезди е една од најголемите инвестиции во Охрид  во овој бизнис за изминативе 20-тина години. Гостите имаат на располагање 60 двокреветни соби и 4 апартмани со прекрасен поглед на Охридското Езеро. Лаки Хотел располага со Спа центар која има внатрешен базен, џакузи, ароматерапи бања, парна бања и сауна.

фото: Хотел Лаки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *