Премиерката на Нов Зеланд предлага 4-дневна работна недела – како земјата ќе се опорави по корона вирусот?

Откако одлично се справија со здравствената криза поради корона вирусот, сега премиерката на Нов Зеланд наоѓа начини како да го оживее домашниот туризам и да ја зајакне економијата – предлага 4-дневна работна недела.

premierkata-na-nov-zeland-predlaga-4-dnevna-rabotna-nedela-kako-zemjata-kje-se-oporavi-po-korona-virusot-01.jpg

Премиерката Џасинда Ардерн уште во првите недели од појавата на корона вирусот во земјата, воведе строги мерки кои граѓаните ги почитуваа.

Тоа доведе до одличен резултат, па додека другите земји се соочуваа со колапс, Нов Зеланд одлично се справуваше со ситуацијата.

Сега, бројот на новозаразени драстично се намалува, а до 19-ти мај, вкупната бројка на активни случаи е 40 пациенти.

Откако се справија успешно со здравствената криза, време е да се фокусираат на економијата и зајакнување на земјата.

Со оглед на тоа што  туризмот игра голема улога за економијата на Нов Зеланд, а границите се уште затворени и не се знае дали и колку туристи ќе може да очекуваат во наредниот период, тие предлагаат да се фокусираат на домашниот туризам.

premierkata-na-nov-zeland-predlaga-4-dnevna-rabotna-nedela-kako-zemjata-kje-se-oporavi-po-korona-virusot-02.jpg

Но, за тоа да биде полесно, Џасинда сподели дека добила многу идеи, а една од нив била воведување на 4-дневна работна недела, со што таа се согласува дека ова може да им помогне на луѓето да имаат еден ден плус за патување низ земјата.

Според неа, корона вирусот ги научил на многу работи, како и на тоа дека може да постои поголема флексибилност во работните услови.

Таа вели дека останува на работодавачите да одлучат дали ќе ја спроведат оваа мерка за скратена работна недела, укажувајќи дека тоа би можело да биде од голема корист за туризмот.

premierkata-na-nov-zeland-predlaga-4-dnevna-rabotna-nedela-kako-zemjata-kje-se-oporavi-po-korona-virusot-03.jpg

Многумина се сложуваат со неа, но некои мислат дека тоа може да биде уште поголем удар за останатите бизниси.

Што мислите вие за оваа идеја – посакувате ли нешто вакво и кај нас? Би било одлично кога сите би се фокусирале на убавините на нашата земја и на домашниот туризам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *