7 лесни вежби кои треба да ги правите доколку се улежавте периодов

Знаевте ли дека можете да бидете активни и да согорувате калории дури и додека гледате телевизија?

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-01.jpg

Можеби овој начин на вежбање нема да биде ефикасен колку некој покомплексен тренинг, но дефинитивно ќе има значајна разлика со оглед на тоа што сте се улежале периодов.

Вежбите во продолжение слободно можете да ги изведувате додека ја гледате омилената серија, а најдоброто е што не ви е потребна никаква опрема.

Вежба број 1

– Застанете исправено, а стапалата поставете ги во ширина на рамената.

– Кренете ги рацете од страна и свиткајте ги лактите. Рацете постојано треба да ви бидат стегнати.

– Почнете да ги кревате и спуштате рацете, како на сликите, дишејќи длабоко.

– Правете ја вежбата 45 секунди, до 1 минута.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-02.jpg

Вежба број 2

– Застанете исправено, со стапала поставени во ширина на рамената.

– Кренете ги рацете на страна и свиткајте ги лактите како на горната слика.

– Спојте ги дланките пред лицето, како на долната слика, а потоа вратете се во претходната положба. Рацете треба постојано да ви бидат стегнати.

– Повторувајте ја вежбата 45 секунди, до 1 минута.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-03.jpg

Вежба број 3

– Застанете и поставете ги стапалата во ширина на колковите.

– Рацете поставете ги покрај телото, свиткајте ги лактите и свртете ги дланките надолу (како на сликата).

– Грбот постојано држете го исправен.

– Почнете да трчате во место, кревајќи ги колената што е можно поблиску до градите.

– Правете ја вежбата колку што можете.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-04.jpg

Вежба број 4

– Ставете стол зад вас, застанете исправено и поставете ги стапалата во ширина на рамената.

– Бавно клекнете надолу, притоа стегајќи го задникот. Држете ја главата исправена.

– Допрете го столот со задникот, а потоа исправете се.

– Ако сте почетници, направете 8 до 10 повторувања. Ако имате повеќе кондиција, можете да направите 3 сета, со по 10-12 повторувања.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-05.jpg

Вежба број 5

– Застанете со раширени нозе, свиткајте ги колената и испружете ги рацете на страна (како на горната слика).

– Бавно навалувајте се кон десната страна, без да ги виткате рацете (како на долната слика).

– Повторувајте ја вежбата од двете страни, колку што можете.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-06.jpg

Вежба број 6

– Седнете на работ на столот. Колената треба да ви бидат споени, а стапалата рамно поставени на подот.

– Со рацете фатете се за работ од столот и малку свиткајте ги лактите.

– Стегнете ги нозете и задникот и бавно исправете ги лактите и потпрете се само на дланките (како на долната слика).

– Останете во оваа положба 30-тина секунди, а потоа повторете уште двапати.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-07.jpg

Вежба број 7

– Застанете исправено и спојте ги дланките пред вас.

– Свиткајте го десното колено и кренете ја ногата (како на горната слика).

– Поставете го десното стапало зад левата нога, клекнете и останете во положбата 45 секунди.

– Повторете на другата страна.

7-vezhbi-shto-mozhete-da-gi-pravite-duri-i-dodeka-gledate-televizija-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *