Најубавиот хотел со 0 ѕвездички – соби без ѕидови, кров и врати, среде Алпите

Null Stern hotel е дело на концептуалните уметници Френк и Патрик Риклин. Нивната главна цел била да ги запознаат луѓето со убавините на Швајцарските Алпи, но на еден сосема поинаков начин.

najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite-01.jpg

Во буквален превод, Null Stern е хотел со 0 ѕвездички, во кој собите немаат прозори, врати и кров.

najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite01_1.jpg

„Отворен“ е во 2016-та година и на располагање имал неколку соби кои се наоѓале на 1200 метри надморска височина во кантонот St. Gallen.

najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite01.jpg

Не сме баш сигурни колку ова може да се нарече соба затоа што сепак станува збор за подлога со кревет и ноќни масички среде планина.

najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite03.jpg
najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite02.jpg

Во нивната непосредна близина има колиба со тоалет кој можат да го користат гостите, но и батлер кој ги задоволува нивните барања.

najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite04.jpg

За овој хотел постојано имало листа на чекање.

Во моментов, не функционира, но за ова лето се подготвува нешто слично – хотел со соби без кров и ѕидови кој ќе го има на повеќе локации низ Швајцарија.

najubaviot-hotel-so-0-zvezdicki-sobi-bez-zidovi-krov-i-vrati-srede-alpite06.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *