Најчестите грешки при вежбање што би требало да ги избегнувате

Ако не ги изведувате вежбите правилно, ќе ви биде потребно многу повеќе време за да ја постигнете посакуваната цел.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-01.jpg

Кога вежбаме дома, немаме тренер кој ќе ни ги посочи грешките, а проблемот е што станува збор за навистина мали грешки, што сами не би ги воочиле.

А, овие грешки не само што ја намалуваат ефикасноста на вежбите, туку можат да предизвикаат и повреда.

Затоа, погледнете кои се најчестите грешки и како да ги избегнете:

Исчекорување

Навидум оваа вежба е едноставна, но многу е лесно да погрешите. За да ја изведите правилно, не заборавајте ги овие правила:

– Кога исчекорувате со едната нога, осигурете се дека ќе ја поставите под прав агол.

– Осигурете се дека предното колено не ви е поставено понапред од прстите на нозете.

– Задното колено треба да биде паралелно со земјата, а не да ја допира.

– Грбот секогаш треба да ви биде исправен.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-02.jpg

Мост со една нога

Бидејќи за оваа вежба треба да држите и рамнотежа, многу е лесно да застанете во погрешна положба.

– Кога ќе легнете на земјата, колената треба да бидат поставени во ширина на колковите.

– Кога ја кревате едната нога, држете ја исправена и стегнете го задникот.

– Ногата што е на подот треба да биде свиткана под агол од 90 степени.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-03.jpg

Чучнувања

Ова е одлична вежба, но ако ја правите погрешно, може да си предизвикате болка во грбот.

– Во текот на вежбата, грбот треба постојано да ви биде исправен. Истовремено, распоредете ја тежината на вашите пети.

– Кога клекнувате, колената не треба да бидат пред прстите од стапалата.

– Кога ќе клекнете, спуштете ги колковите пониско од колената.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-04.jpg

Склекови

Склековите не се лесни за изведување, па има многу простор за грешки.

– Легнете на стомак и поставете ги дланките покрај градите.

– Подигнете го целото тело од подот, со помош на вашите раце.

– Грбот постојано држете го исправен, стегнете го стомакот и внимавајте да не ги свиткате нозете.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-05.jpg

Планк

Неправилното држење на оваа положба само ја намалува нејзината ефикасност.

– Грбот постојано треба да ви биде исправен.

– Додека сте во планк положба, треба да гледате надолу, така што вратот и главата ќе бидат во линија со ’рбетот.

– На подот потпирајте се на лактите, но притоа стегнете ги стомачните и мускулите на задникот.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-06.jpg

Кревање тегови

Ако го искривите грбот додека ја правите оваа вежба, можете да си предизвикате болка.

– Пред да почнете со вежбата, малку свиткајте ги колената.

– Во текот на целата вежба, држете го грбот исправен.

– Кревајте ги теговите кон вашите гради.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-07.jpg

Удари со нога

Неправилната положба значително ја намалува ефикасноста на оваа вежба.

– Грбот и вратот треба да бидат опуштени, но стомачните мускули стегнати.

– Свиткајте го коленото под прав агол, а потоа постепено кревајте ја ногата нагоре.

– Откако ќе ја кренете ногата, задникот и ’рбетот треба да бидат во иста линија.

– Додека ви е крената ногата, стегнете ги и мускулите на задникот.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *