Семејство пронашло речиси 1 милион долари во црни ќеси за ѓубре

„Горди сме што во нашата земја живеат толку чесни луѓе“, изјавија претставниците на полицијата за ова семејство.

semejstvo-pronashlo-rechisi-1-milion-dolari-vo-crni-kjesi-za-gjubre-01.jpg

Никогаш не знаете на што може да наидете во животот.

Емили Шанц, нејзиниот сопруг и двете деца се возеле по пат во нивната родна Вирџинија и се зачудиле кога виделе неколку црни ќеси оставени среде патот.

semejstvo-pronashlo-rechisi-1-milion-dolari-vo-crni-kjesi-za-gjubre-02.jpg

Застанале и ги ставиле ќесите во нивниот автомобил за да ги фрлат во контејнер. Мислеле дека станува збор за ѓубре.

Но, малку подоцна семејството открило дека всушност ќесите се полни со банкноти во вредност од речиси 1 милион долари. Тие биле уредно спакувани во пластични ќеси.

По откритието семејството го пријавило случајот кај локалниот шериф и парите ги предало на полицијата. Сега се врши истрага околу потеклото на парите.

„Неверојатно е што некој е толку искрен и подготвен да се откаже од милион долари, тоа е исклучително“, го пофали семејството еден претставник од локалната полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *