Ослепел на 12 години, сопругата ја запознал кога имала 18, а тој 43: Факти за Андреа Бочели

„Кога првпат ја запознав Вероника бев воодушевен од нејзиниот глас и од кожата. Веднаш се вселивме заедно, истата ноќ. Практично бракот ни почна ноќта кога се сретнавме“, изјави во една пригода Андреа за својата 25 години помлада сопруга.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-01.jpg

Андреа Бочели е најпопуларниот тенор на светот и еден од најдобрите музичари на неговата генерација.

Факти за неговиот живот:

Роден е 1958 година во малото селце Ла Стера во италијанскиот регион Тоскана.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-02.jpg

На рани години имал проблеми со видот, му бил дијагностициран глауком, а на 12 години при фудбалска незгода сосема го изгубил видот.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-03.jpg

Првпат Бочели стапил во брак во 1992 година со Енрика Цензати со која добил два сина, но се разделиле во 2002 година. Истата година ја запознал Вероника.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-04.jpg

Во 2014 година Андреа се ожени со неговата сегашна сопруга и менаџер Вероника Берти, со која во 2012 доби ќерка, која му е трето дете на Бочели. Има и два сина од претходниот брак.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-06.jpg
oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-15.jpg

Бочели во една пригода за својата 25 години помлада сопруга Вероника изјави:

„Секогаш имав среќа во животот и секогаш пронаоѓав љубов во него. Кога првпат ја запознав Вероника бев воодушевен од нејзиниот глас и од кожата. Таа вечер ја отпеав првата арија за неа. Тоа беше прекрасен миг и најбрзиот почеток на врска. Веднаш се вселивме заедно, истата ноќ. Практично бракот ни почна ноќта кога се сретнавме“.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-11.jpg

Со семејството живее во поранешниот хотел „Forte dei Marmi“ во Тоскана.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-17.jpg

Уште на 14-годишна возраст победил на музички натпревар со „O Sole Mio“, но и покрај огромниот музички талент, тој се запишал на правен факултет, а пеел по барови само за да заработи.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-07.jpg

Среќата во музиката му се променила кога негова демо снимка завршила во рацете на Павароти.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-05.jpg

Еден од најголемите моменти во кариерата му е снимањето на дуетот со Селин Дион „The Prayer“ во 1988 година.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-14.jpg

Заедно со брат му има семејно производство на вино, кое го прават од семејната фарма со грозје.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-09.jpg

Во 2010 година доби своја холивудска ѕвезда на Walk of Fame.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-12.jpg

Во септември 2018 го сними синглот „Fall On Me“ со својот син Матео Бочели.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-20.jpg
oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-16.jpg

За бракот со Андреа, Вероника во една пригода изјави:

„Тој е тип на човек кој ви простува илјадници грешки, смирен е и не се кара, но кога ќе ја преминете границата тоа е тоа.“

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-18.jpg

Деновиве Бочели го стопи светот кога објави фотографија како вози ролерки со својата ќеркичка.

oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-19.jpg
oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-13.jpg
oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-10.jpg
oslepel-na-12-godini-soprugata-ja-zapoznal-koga-imala-18-a-toj-43-fakti-za-andrea-bocheli-08.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *