Животни лекции од Господин Мијаги од „Karate Kid“ и уште 7 други учители од филмови

Некои наставници и професори навистина знаат да им го променат животот на своите ученици и студенти.

zhivotni-lekcii-od-gospodin-mijagi-od-karate-kid-i-ushte-7-drugi-uchiteli-od-filmovi-01.jpg

Писателот Енди Руни рекол дека секој од нас ќе остави голем впечаток кај најмногу 5-6 луѓе, но наставниците и професорите остануваат запомнети кај илјадници нивни ученици.

Неретко, и наставниците кои се појавуваат во филмовите нè учат на многу важни лекции и, без разлика што се фиктивни ликови, ќе ги помниме уште долго.

Во продолжение погледнете неколку важни лекции што ги научивме од овие фиктивни наставници и професори:

Дуи Фин од School of Rock

Во филмот, Дуи е музичар кој навистина сака да настапува, но поради финансиските проблеми, тој мора да се преправа дека е наставник по музичко. Набрзо, тој формира училиштен бенд, а на многумина не им e јасно зошто ги одбрал токму тие ученици.

Што научивме од него?

Овој наставник ни покажа дека треба да го прифатиме нашиот талент, а нашите несигурности не треба да бидат изговор за да не ги следиме нашите соништа.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-02.jpg

Северус Снејп од серијалот Harry Potter

На почетокот, немаше личност што не го мрази Снејп, ни во Хогвортс, ни во реалниот живот. Но на крајот, Снејп стана омилениот лик од серијалот.

Што научивме од него?

Професор Снејп е доказ дека изгледот лаже и дека треба подобро да запознаеме некоја личност за вистински да ја разбереме. Снејп ни покажа колку е важно да ги одржиме нашите ветувања, но и колку е важно да бидеме лојални.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-03.jpg

Албус Дамблдор од серијалот Harry Potter

Едноставно, не можете а да не го сакате Дамблдор, кој беше директор на Хогвортс, но и најмоќниот волшебник во негово време.

Што научивме од него?

Дамблдор ни докажа дека зборовите имаат моќ да ни наштетат, но имаат уште поголема моќ да ни помогнат. Покрај тоа, тој нè натера да сфатиме дека кога во еден момент не можеме да решиме некој проблем, подобро да се оддалечиме од него на некој период, наместо „на слепо“ да бараме решение.

Џон Китинг од Dead Poets Society

Џон Китинг е професор по литература во училиште само за машки, во кое владеат многу строги правила. Тоа што ликот го глуми Робин Вилијамс, нè натера да го засакаме Џон уште повеќе.

Што научивме од него?

Кратко и јасно – „Carpe diem“, односно, зграпчи го денот.

Џон ни покажа дека не треба да го трошиме времето залудно, бидејќи никогаш нема да го вратиме. Од него научивме и дека зборовите и идеите навистина можат да го променат светот, а поезијата ни служи како потсетник дека сме живи.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-05.jpg

Госпоѓица Хани од Matilda

Ова е наставничката што би ја посакал секој. Беше трпелива со децата, а секогаш беше подготвена и да научи нешто од нив.

Што научивме од неа?

Понекогаш, и возрасните се исплашени како да се деца, a тоа е сосема во ред.

Госпоѓица Хани ни покажа дека кога ќе се здружиме со некоја драга личност, многу полесно ќе ги надминеме пречките и тешкотиите во животот.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-06.jpg

Јуџин Симонет од Pay it Forward

Јуџин им даде навистина интересна задача на своите ученици – да смислат идеја што ќе го промени светот и да ја реализираат.

Што научивме од него?

Јуџин ни покажа дека за да го промениме светот, понекогаш треба само да помогнеме некому да направи нешто што не може сам.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-07.jpg

Господин Мијаги од Karate Kid

Сигурно се сеќавате на господин Мијаги, кој беше експерт за боречки вештини.

Што научивме од него?

Најголемата лекција од Мијаги е важноста на трпеливоста. Пред да станеме добри во нешто, мораме да бидеме трпеливи, напорно да вежбаме, да учиме, да се усовршуваме…

И покрај тоа што е експерт за боречки вештини, тој ни покажа дека насилството никогаш не е решение.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-08.jpg

Шон Мегваер од Good Will Hunting

Уште еден лик на Робин Вилијамс.

Шон е професор по психологија, кој му станува терапевт на младиот Вил Хантинг, а нивните разговори во филмот се како терапија и за гледачите.

Што научивме од него?

Добро запознајте се себеси, бидејќи секој има талент, но мора сам да го открие. А, откако ќе го откриете вашиот талент, не ѝ дозволувајте на несигурноста да ве спречи да станете најдобрата верзија од себе.

najvazhnite-lekcii-shto-gi-nauchivme-od-profesorite-i-nastavnicite-od-filmovite-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *