Претсмртни зборови, љубов: Приказните што се кријат зад тетоважите на ѕвездите

Популарноста на тетоважите само се зголемува, па денес голем број луѓе го украсуваат своето тело со нив. Се разбира, овде спаѓаат и познатите.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-01.jpg

Додека најчесто луѓето тетовираат некоја слика, мотив или симбол што им се допаѓа, постојат и тетоважи кои кријат цела приказна.

Некои од најпрепознатливите тетоважи на славните имаат некаква симболика и зад нив има навистина моќни приказни.

Погледнете кое е значењето на неколку вакви тетоважи на славните:

Ријана – во чест на нејзината баба

Никој не остана рамнодушен на тетоважата од египетската божица Изида, што Ријана ја направи во 2012-та. Наводно, тетоважата ја направила во чест на нејзината почината баба.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-02.jpg

Аријана Гранде – во чест на жртвите од Манчестер

Веројатно се сеќавате на нападот во арената Манчестер од 2017-та, кој се случи за време на концерт на Аријана. Во нападот загинаа 22 луѓе, помеѓу кои имаше и деца, а во нивна чест, Аријана истетовира мала пчела зад увото. Пчелите се симбол на Манчестер.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-03.jpg

Ванеса Хаџенс – во чест на слатко сеќавање

Првата тетоважа на Ванеса е пеперутка на вратот, а нејзината симболика е навистина слатка. Наводно, една недела пред да се роди актерката, на стомакот на нејзината мајка слетала пеперутка. Актерката и така го добила нејзиното име – vanessa е латинското име на еден вид пеперутки.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-04.jpg

Кевин Џонас – во чест на љубовта кон неговата сопруга

Кевин ја истетовира својата сопруга на неговата рака, а искористил фотографија од спот на неговиот бенд. Пејачот откри дека бил горд на она што се случува во неговиот живот, а многу ми било драго што покрај себе ја имал и неговата сопруга.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-05.jpg

Мајли Сајрус – тетоважи од нејзините кучиња

Мајли Сајрус има неколку тетоважи, а две од нив се во чест на нејзините кучиња Мери Џејн и Ему.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-06.jpg

Халси – тетоважа за (не)среќа

Пејачката има истетовирано потковица, но свртена наопаку. Иако потковицата е симбол за среќа, во ваква положба се верува дека носи несреќа. Халси ја одбрала оваа тетоважа бидејќи таа не верува во среќа, туку во напорна работа.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-07.jpg

Сем Смит – еднаквост

Англискиот пејач го има истетовирано симболот за еднаквост на домалиот прст, во чест на истополовите бракови. Сем отворено прозбори за неговата сексуалност во 2017-та, и оттогаш се залага за еднакви права на ЛГБТ заедницата.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-08.jpg

Леа Мишел – во чест на Кори Монте

Во чест на нејзиниот вереник, колега и љубовта на нејзиниот живот, Леа има направено неколку тетоважи посветени на Кори Монте. Една од тетоважите се последните зборови што ѝ ги кажал – „Ако ти велиш така“.

Џо Џонас – во чест на изгубениот миленик

Пред Џо и Софи Турнер да стапат во брак, во 2018-та тие го вдомија кучето Валдо. Но, само неколку недели пред венчавката, кучето загина во автомобилска несреќа. Во негова чест, и Софи и Џо истетовираа портрет од Валдо.

mokjnite-prikazni-zad-tetovazhite-na-slavnite-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *