Како да го спречите непријатниот мирис кога немате време или услови за туширање?

Туширањето е едно од најважните нешта кога станува збор за личната хигиена, но понекогаш се случува да немате време или услови за тоа во текот на денот.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-01.jpg

Без разлика која е причината, секој се нашол во ситуација кога нема можност да се истушира, а сепак сака да мириса чисто и да не се најде во непријатна ситуација.

Во тие моменти, добро е да знаете што можете да направите за да ја спречите појавата на непријатен мирис, но и за да се чувствувате барем малку почисто.

Погледнете ги 10-те совети што ќе ви помогнат да мирисате свежо:

Користете масла за тело

Во овој случај е многу подобро да користите масла за тело отколку парфем, бидејќи тие остануваат на кожата подолго.

Истовремено, подобро одберете масло со суптилен мирис и нанесувајте го на кожата во текот на денот.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-02.jpg

Влажни марамчиња

Влажните марамчиња колку-толку ќе ви помогнат да се ослободите од непријатниот мирис, бидејќи отстрануваат дел од бактериите кои се причина за тоа.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-03.jpg

Нанесете антиперспирант

Кога немате време за туширање, можете набрзина да ги исчистите пазувите со вода или влажна марамица, а потоа да нанесете антиперспирант.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-04.jpg

Променете ја долната облека

Интимните делови се потат многу лесно, особено кога времето е топло. Па, менувањето на долната облека сигурно ќе направи да се чувствувате почисто.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-05.jpg

Променете ги чорапите

И стапалата се дел од телото кој се поти многу често, а комбинацијата од бактерии и пот може да предизвика непријатен мирис. Ако немате време за туширање, сигурно имате време да ги промените чорапите.

За да го намалите потењето на стапалата, можете да додадете и бебешка пудра во чевлите.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-06.jpg

Избегнувајте кромид, лук и зачинета храна

Храната може да има влијание врз мирисот на потта, а кромидот, лукот и зачините ја засилуваат непријатната миризба. Ако знаете дека нема да можете да се истуширате подолго, најдобро е да консумирате свежа храна, како овошје и зеленчук.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-07.jpg

Избегнувајте тесна облека

Тесната облека повеќе го загрева телото, а со тоа може да го зголеми лачењето пот. Затоа, во овие ситуации носете поширока облека, од природни материјали.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-08.jpg

Употребувајте шампон за суво миење

Не залудно шампоните за суво миење се толку популарни. Со нив можете да го одложите миењето на косата за барем уште еден ден.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-09.jpg

Носете марами или соберете ја косата

Ако не сакате да користите сум шампон, можете да ја соберете косата во опавче.

Можете да ја скриете косата и со марами, кои веќе некое време се вистински моден хит.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-10.jpg

Хидрирајте ја кожата

Пиењето повеќе вода може да ви помогне да мирисате и да се чувствувате посвежо, а ќе направи и вашата кожа да изгледа многу подобро. Истовремено, можете да користите и хидратантни креми со пријатен мирис.

kako-da-go-sprechite-neprijatniot-miris-na-teloto-koga-nemate-vreme-za-tushiranje-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *