Домашна маска за побрз раст на косата – тајната е во рицинусовото масло

Се смета дека во просек косата ни расте околу 12mm месечно. Постојат повеќе начини како да се грижите за вашата коса да биде здрава, а оваа домашна маска ветува и нејзин забрзан раст.

domasen-sampon-za-pobrz-rast-na-kosata-tajnata-e-vo-ricinusovoto-maslo-001.jpg

Комбинацијата е богата со рицинолеинска киселина и омега 6 и 9 киселини кои ја хранат косата, помагаат во циркулацијата и го спречуваат пукањето на влакната.

Состојки кои ви се потребни:

  • 3 лажички рицинусово масло
  • 40ml природен сапун од маслинка или маслиново масло
  • 2 лажички кокосово млеко
  • 30ml маслиново масло
  • 15ml мед

Измешајте ги убаво сите состојки и ставете ги во едно шише. Користете ја смесата пред секое бањање. Оставете да стои намачканa на вашата коса 30-40 минути.

Потоа измијте ја со вашиот шампон кој си го користите редовно. Резултатите ќе бидат видливи за неколку седмици.

domasen-sampon-za-pobrz-rast-na-kosata-tajnata-e-vo-ricinusovoto-maslo-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *