Најголемите грешки на мажите и жените во сексот + заборавените машки ерогени зони (18+)

Дали отворено говорите со партнерот на темата што сакате, а што не сакате во сексот?

8-mashki-erogeni-zoni-na-koi-zhenite-zaboravaat-da-im-posvetat-vnimanie-01.jpg

Секоја точка од телото на партнерот може да му биде ерогена зона, но сепак на некои делови од неговото тело треба да обрнете особено внимание.

Запоставени ерогени зони кај мажите:

Коса – на скалпот има многу нервни завршетоци, па играјте си со неговата коса.

Внатрешниот дел од бутовите – лесна масажа на овој дел од телото и бакнежи може да му бидат врвно доживување.

Долна усна – грицкајте и бакнувајте ја со различен притисок, ова му е навистина чувствителна област од телото.

8-mashki-erogeni-zoni-na-koi-zhenite-zaboravaat-da-im-posvetat-vnimanie-02.jpg

Вратот – Адамовото јаболко на мажите им е моќна ерогена зона, кинеската медицина дури верува дека тироидната жлезда е поврзана со интимните органи.

Брадавици – машките брадавици се многу чувствителни, особено затоа што ретко им се обрнува внимание, третирајте ги со нежно лижење и допири.

Уши – бакнувајте ги и грицкајте ги и нема да мине долго време пред тој да изреагира.

8-mashki-erogeni-zoni-na-koi-zhenite-zaboravaat-da-im-posvetat-vnimanie-04.jpg

Мажите ги откриваат најголемите грешки на жените во сексот:

– Не иницираат секс.

– Ги гасат светлата при секс.

– Глумат оргазам.

– Зборуваат премногу при секс.

– Не сакаат да пробуваат нови работи.

– Го споменуваат поранешниот партнер во креветот.

– Загрижени се за својот изглед.

8-mashki-erogeni-zoni-na-koi-zhenite-zaboravaat-da-im-posvetat-vnimanie-03.jpg

Жените ги откриваат најголемите грешки на мажите во сексот:

– Ја прескокнуваат предиграта.

– Брзо доживуваат оргазам.

– Се однесуваат некултурно.

– Кажуваат глупави работи во кревет.

– Заспиваат веднаш по сексот.

– Игнорираат кога жените им кажуваат што сакаат.

– Заинтересирани се само за физичкиот аспект на сексот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *