Рецепт за домашен сок од јагоди од 4 состојки

Ако сакате јаготките да ги претворите во природен сок, овој лесен рецепт ќе ви се најде додека трае нивната сезона.

recept-za-domasen-sok-od-jagodi-od-4-sostojki.jpg

Потребни ви се само 4 состојки:

  • 5kg јагоди
  • 500g шеќер
  • 1 лимон
  • 1,5 до 2 литри вода

Подготовки:

Јагодите добро измијте ги, исчистете ги и изблендирајте ги во миксер.

Ставете ги во големо тенџере, додадете го сокот од лимон и шеќерот, а потоа постепено додавајте вода додека не ја добиете саканата густина.

Варете на тивко додека течноста не зоврие.

Шишињата за сок загрејте ги и додеа се топли претурете го топлиот сок. Добро затворете и оставете ги во рерна, претходно загреана на 90 степени и исклучена, околу 1 час.

Сокот е готов!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *