Брз појадок со состојки кои ги имате дома – омлет во лепче

Интересна варијанта  за појадок со намирници кои веќе ги имате во фрижидерот. Рецептот е брз и едноставен и се прави за неколку минути.

brz-pojadok-omlet-vo-lepce-01.jpg

Потребни состојки:

  • 4 парчиња леб 
  • 3 јајца
  • 2 Млади кромитчиња
  • Зеленчук по желба: пиперка, домат, печурки
  • Дробено сиренце
  • Сецкана шунка или сланина
brz-pojadok-omlet-vo-lepce-02.jpg

Подготовка:

  • Извадете ја срединката од лебот и сочувајте ја на страна.
  • Сите состојки измешајте ги во посебен сад.
  • Загрејте ја тавата со масло и наредете ги лепчињата. Почекајте минутка и ставете од смесата со јајца во дупките по средината на сите лепчиња.
  • Потоа затворете одозгора со средината од лепчето. Превртете и од другата страна за да се потпечат. Можете да изрендате и сиренце одозгора.
brz-pojadok-omlet-vo-lepce-03.jpeg

На здравје!

Може да ги погледнете и видео инструкциите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *