6 работи кои бебето ги прави додека е во стомакот

Секоја мајка барем еднаш во текот на бременоста се запрашала дали гласната музика му пречи на бебето или дали храната која ја јаде е доволно вкусна за него?

6-raboti-koi-bebeto-gi-pravi-dodeka-e-vo-stomakot-001_resize.jpg

Ова се 6 работи кои можеби не сте знаеле дека бебињата ги прават уште пред да се родат, односно додека се во стомакот:

Икаат

Икањето на фетусот е нормална појава која ја чувствуваат многу трудници, претежно во второто тримесечје.

Препознаваат песни

Група трудници учествувале во едно истражување, за чија цел слушале една иста детска песничка во последните месеци од бременоста.

Кога бебињата се родите и истата песничка им била пуштена, била забележана поголема мозочна активност, односно препознавање, за разлика од бебињата кои не ја слушале песничката во стомакот.

Го вежбаат изразот на лицето

Со помош на ултразвук е откриено дека бебињата до 24-тата недела можат да се насмевнат, а до 36-тата недела веќе можат да прават и други изрази на лицето.

Може дури и да го цицаат прстот и да зеваат.

Го чувствуваат вкусот на храната

Бебињата кои се во стомакот околу 20 недели веќе почнуваат да го чувствуваат вкусот на храната, но и мириси.

Реагираат на стрес

Едно истражување покажало дека кај трудниците кои се под стрес, фетусот многу почесто го допира своето лице со левото раче.

Плачат

Кон третото тримесечје бебињата во стомакот почнуваат неправилно да дишат, да ја отвораат устата, идентично како кога ги гледате дека плачат. Со тоа што, тоа го прават без звук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *