Здрава храна што треба да ја јадете умерено

Само затоа што некоја храна се смета за здрава, не значи дека можете да ја јадете неограничено.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-01.jpg

Умереноста е важна во сè, па дури и за работите кои се сметаат за здрави и корисни.

Кога станува збор за исхраната, важно е таа да биде разновидна – почесто јадете здрави намирници и, нормално, одвреме-навреме можете да си дозволите и по некој хамбургер.

Во продолжение, пак, погледнете со која здрава храна не би требало да претерате:

Моркови

Морковите се богати со бета-каротен, состојка што телото ја претвора во витамин А.

Доколку внесете премногу бета-каротен во организмот, може да дојде до каротенемија, односно состојба што ѝ дава жолтеникава боја на кожата.

Оваа состојба е безопасна, и кога ќе го намалите внесот на моркови и друга храна богата со бета-каротен, ќе се повлече самата.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-02jpg.jpg

Комбуха

Комбухата стана вистински хит последниве неколку години, но треба да бидете внимателни и со неа. Поради ферментацијата, во комбухата се создава состојка која во големи количини може да предизвика подуеност и проблеми со дигестивниот систем.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-03.jpg

Вода

Знаевте ли дека можете да претерате и со пиење вода? Ако во текот на денот испиете поголемо количество вода, организмот не може да ја отстрани доволно брзо. Поради ова, во крвотокот има повеќе вода од потребното, па се нарушува рамнотежата помеѓу вода и натриум во крвта.

Во поретки и поекстремни случаи, водата може да се акумулира и во мозокот, што резултира со негово отекување.

И двата случаи се реткост, но добро би било да не претерате ни со водата.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-04.jpg

Авокадо

Авокадото е полно со здрави масти, но сепак и тоа се масти. Тоа има и многу калории – околу 240, а ако јадете премногу, може да настане и затнување на артериите.

Се препорачува дневно да не јадете повеќе од едно авокадо

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-05.jpg

Цвекло

Цвеклото е одличен извор на витамини и минерали. Сепак, некои негови состојки телото ги претвора во нитросамин, кој се наоѓа и во месото. Нитросаминот, пак, се верува дека го зголемува ризикот од одредени болести, па препорачливо е да не го комбинирате цвеклото со црвено месо.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-06.jpg

Морски алги

Морските алги се одлични за веганите и вегетаријанците бидејќи се богати со витамин Б12. Но, тие содржат и многу јод, кој во големо количество може да предизвика одредени здравствени проблеми.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-07.jpg

Соја и продукти од соја

И сојата е одлична за луѓето кои избегнуваат месо, но не треба да претерувате и со неа.

Иако не постојат доволно истражувања на оваа тема, според некои експерти,сојата може да има лошо влијание доколу се комбинира со лекови за хипотироидизам. Па, добро би било да внимавате.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-08.jpg

Чиа

Чиа семето има омега-3 масни киселини, но според некои истражувања, овие киселини се потешки за апсорбирање за разлика од оние во лососот. Истовремено, за да внесете исто количество омега-3 масни киселини како од една порција лосос, ќе треба да изедете 100 грама чиа.

Проблемот е што 100 грама чиа семе има околу 500 калории – речиси колку еден хамбургер.

zdrava-hrana-shto-treba-da-ja-jadete-umereno-09.jpg

Ова не значи дека горенаведените продукти ќе предизвикаат разни болести или здравствени проблеми. Едноставно, како со секоја храна, бидете умерени и со нив. Доколку сепак се двоумите за што било, лекарот или нутриционистот ќе може да одговори на сите ваши прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *