Работи за сексот за кои е пожелно да разговарате со вашиот партнер

Во секоја врска, разговарањето за сексот е исто важно колку и самиот секс.

raboti-za-seksot-za-koi-morate-da-razgovarate-s-vashiot-partner-01.jpg

За вистински да уживате во сексот, но и за да се заштитите од несакани ситуации, мора да бидете искрени и отворени со партнерот.

Иако луѓето воглавно ги избегнуваат разговорите за секс, со партнерот добро е да поразговарате за следниве теми:

Сексуално здравје

Ова е разговор што би требало да го направите уште пред првиот секс со партнерот. Повеќето парови кои се во долга врска неретко избегнуваат употреба на кондом, но на почетокот од врската морате и вие и партнерот да знаете дали имате каква било сексуално пренослива болест.

Иако можеби ова е малку непријатна тема на разговор, не смеете да ја прескокнете.

Одредување граници

Експериментирањето во сексот е одлично, но и двајцата морате да знаете кои се вашите граници.

Пред да пробате што било ново во спалната соба, прашајте го партнерот дали би му се допаднало. И обратно – ако партнерот сака да пробате нешто ново, треба да му кажете дали ќе можете да уживате во тоа. Одете постепено, не се форсирајте.

raboti-za-seksot-za-koi-morate-da-razgovarate-s-vashiot-partner-02.jpg

Сексуални фантазии

Секоја личност си има различни сексуални фантазии, па затоа треба да разговарате и за нив.

Иако фантазиите се едно, а реалноста друго, со разговор ќе имате можност да најдете нешто заедничко во кое двајцата ќе уживате и да го реализирате.

Па, отворено кажете му на партнерот за вашите сексуални фантазии, но прашајте го и кои се неговите.

Како да постигнете оргазам

Знаеме дека за мажите најчесто не е тешко да постигнат оргазам, но жените се сосема друга приказна.

Некои жени доживуваат оргазам само со пенетрација, но на некои им е потребна стимулација и на другите ерогени зони. Вашиот партнер не може да чита мисли, па отворено кажете му што ви е потребно за да го достигнете врвот.

raboti-za-seksot-za-koi-morate-da-razgovarate-s-vashiot-partner-03.jpg

Средства за контрацепција или друга заштита

Уште на почетокот од врската разговарајте за тоа како ќе се заштитете од сексуално преносливи болести и несакана бременост.

Можеби подоцна во врската ќе сакате да престанете со употреба на кондоми, но ако не планирате да имате дете, ќе мора да користите некоја друга заштита.

raboti-za-seksot-za-koi-morate-da-razgovarate-s-vashiot-partner-04.jpg

Важно е да знаете дека искреноста и отворениот разговор ќе го направат сексот не само побезбеден, туку и многу подобар. Кога и двајцата ќе знаете што точно сакате и кои се вашите граници, сигурно ќе уживате многу повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *