Влакна на телото, спиење со отворени очи – Прашања за новороденчињата што ги имаат речиси сите нови родители

Сите луѓе кои првпат стануваат родители се соочуваат со безброј нови, и за нив необјасниви работи.

prashanja-za-novorodenchinjata-shto-gi-imaat-rechisi-site-novi-roditeli-01.jpg

Понекогаш тие не знаат кои нешта се нормални, па лесно можат да се избезумат од работи како влакна на телото на бебето, чудно кивање, спиење со отворени очи и слично.

Ако и вие сте нов родител со безброј прашања што ви е срам да ги поставите, неколку одговори ќе најдете во продолжение. Но, доколку сте загрижени за здравјето на вашето малечко, секогаш треба да се консултирате со лекар и не треба да правите ништо „на своја рака“.

Влакна на телото

Кај новороденчињата, честа појава се „бебешките влакна“, кои кај некои бебиња се поизразени. Овие влакна можат да се појават на грбот, рамената и челото, но со текот на времето ќе се намалат.

Кај некои бебиња влакната се намалуваат уште во првата недела, а некогаш остануваат до подоцна. Но воглавно, нема потреба да се грижите за нив.

Поголеми гради

Некои бебиња, без разлика дали се машки или женски, можат да имаат поголеми гради. Оваа појава е сосема нормална и е предизвикана од мајчините хормони во текот на бременоста.

Со текот на времето, тие ќе се намалат.

prashanja-za-novorodenchinjata-shto-gi-imaat-rechisi-site-novi-roditeli-02.jpg

Првут

Иако првутот кај вашето новороденче може да изгледа страшно, веројатно нема потреба да се грижите.

Важно е да знаете дека првутот не е поради лоша хигиена и болест. Едноставно, новороденчињата имаат многу деликатна и чувствителна кожа, која лесно може да се исуши.

Најчесто, првутот исчезнува после неколку недели.

Столица со чудна боја

Бојата на бебешкиот измет лесно може да ги исплаши родителите, затоа постојат и цели книги кои им помагаат да сфатат што е нормално, а што не.

Столицата на бебињата се разликува од онаа на возрасните и изгледот зависи од тоа дали детето цица или јаде и друга храна.

Сепак, би требало да се консултирате со лекар доколку забележите промени, како крвава или премногу ретка и тврда столица.

prashanja-za-novorodenchinjata-shto-gi-imaat-rechisi-site-novi-roditeli-03.jpg

Кивање

Кивањето кај новороденчињата не е ништо необично и понекогаш тие киваат и почесто од возрасните.

Штом кивањето не е придружено со други симптоми, како температура, течење на носот или намален апетит, нема потреба од грижа.

Неконтролирано движење

Бидејќи нервниот систем на новороденчињата уште е во развој, се случува тие да почнат да се тресат или да мавтаат со рацете и нозете.

Нормално, за родителите ова може да изгледа застрашувачко, но најчесто е нормална појава.

prashanja-za-novorodenchinjata-shto-gi-imaat-rechisi-site-novi-roditeli-04.jpg

Облик на главата

Кога бебињата се раѓаат, нивниот череп не е цврст како кај возрасните, за полесно да поминат низ тесниот вагинален отвор. Потребни се околу 9-18 месеци за целосно да се оформи нивниот череп и да добие „правилна“ форма.

Поради мекиот череп, и лекарите советуваат бебето да не спие само на една страна, за да не дојде до спласнување.

Спиење со отворени очи

Иако може да изгледа навистина чудно, спиењето со отворени очи е честа и безопасна појава. Важно е да знаете дека ова не е знак дека бебето има проблеми со спиењето.

Не е точно познато зошто некои бебиња спијат со отворени очи, но кај повеќето оваа појава исчезнува откако ќе наполнат 12-18 месеци.

prashanja-za-novorodenchinjata-shto-gi-imaat-rechisi-site-novi-roditeli-05.jpg

Најчесто не постои причина грижа за чудните работи што ќе ги забележите кај вашето прво дете. Но, доколку забележите промена од вообичаеното или поради што било сте загрижени за неговото здравје, консултацијата со лекар или педијатар е најдоброто решение. И, како што напоменавме, немојте да се справувате со здравствените проблеми на вашето малечко „на своја рака“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *