Најчестите проблеми со домашните растенија и како да се справите со нив

Растенијата можат да го разубават секој простор, но факт е дека и тие бараат одредена грижа.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-01.jpg

Ако немате многу искуство со одгледување растенија, веројатно сте се нашле во ситуација кога не знаете зошто листовите на растението потемнале или зошто тоа овенало.

Затоа, погледнете кои се најчестите проблеми со домашните растенија и што можете да направите во врска со нив:

Целосно кафеави листови

Обично, ова е само дел од процесот на растење и стареење на растението и вие не сте виновникот. Сепак, ако прво потемни врвот на листот, тоа може да биде знак дека на растението му треба повеќе вода.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-02.jpg

Што да правите?

Кога листовите се целосно кафеави, тие се веќе мртви, па нема потреба да ги „спасувате“. Но, бидејќи тие сè уште користат од енергијата на растението, најдобро е да ги отстраните.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-03.jpg

Кафеави врвови на листовите

Како што напоменавме, ова е знак дека на растението му треба повеќе вода. Постојат неколку причини за ова:

– Не го наводнувате растението доволно често

– Земјата е со лош квалитет и не ја впива водата добро

– Можеби има оштетување на корените бидејќи претходно сте им ставале повеќе вода, или бидејќи саксијата е премала

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-04.jpg

Што да правите?

Ако често сте надвор од дома и не можете постојано да ги наводнувате растенијата, постојат неколку трикови што ќе ви помогнат:

– Ставете влажен сунѓер на дното на саксијата. Тој ќе го впие вишокот вода, а ќе ја „ослободи“ кога ќе има потреба

– Во саксијата закопајте шише со дупки, полно со вода. Ова ќе биде како еден вид резервоар за вашето растение

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-05.jpg

Кафеави дамки на листовите

Најчесто, ова е знак дека му ставате премногу вода на растението. Земјата што е постојано влажна е совршена околина за развој на патогени габи. Тие, пак, можат да предизвикаат кафеави дамки на листовите на растението.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-06.jpg

Што да правите?

Можете да го отстраните вишокот вода со филтри за кафе – во саксијата ставете филтер за кафе, а потоа ставете ги земјата и растението.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-07.jpg

Пожолтување на долните листови

Кога растението е „зрело“, некои од неговите листови ќе пожолтат и ќе паднат. Но, ако ова се случува многу често, можеби има некаков проблем.

Пожолтувањето може да биде предизвикано од недостаток на сонце, прениска температура, преголема изложеност на сонце или суша.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-08.jpg

Што да правите?

Обидете се да го најдете најдоброто место во домот за вашето растение, во зависност од видот и неговите потреби. Истовремено, немојте да го преместувате многу често.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-09.jpg

Темни дамки и жолти рабови

Најчесто, ова е знак за бактериска инфекција. Ако, пак, растението има светли дамки, можеби проблемот е преголемата изложеност на сонце.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-10.jpg

Што да правите?

Најпрво одделете го растението од другите, за да не се прошири инфекцијата. Отстранете ги „болните“ листови и дозволете му на растението само да закрепне.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-11.jpg

Избледени врвови на листовите

Ова може да биде знак за недостаток од хранливи материи.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-12.jpg

Што да правите?

Можете да купите ѓубриво, а можете да направите и сами. Во саксијата ставете лушпи од варени јајца, а потоа наводнете го растението и со водата од јајцата. На овој начин ќе го зголемите нивото на калциум и калиум во растението.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-13.jpg

Многу мали листови

Ако листовите на вашето растение се премногу мали, веројатно му недостасува сончева светлина.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-14.jpg

Што да правите?

Очигледно, треба да го ставите растението на посветло место во домот. Ако ова не го реши проблемот, почесто бришете ја прашината од листовите – на некој начин, таа ја блокира сончевата светлина.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-15.jpg

Виткање на листовите

Најпопуларните домашни растенија всушност доаѓаат од тропски и суптропски области, каде што влажноста на воздухот може да биде поголема. Кога ќе ги сместите во просторија со ниска влажност на воздухот, нивните листови можат да почнат да се виткаат.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-16.jpg

Што да правите?

Држете ги растенијата подалеку од грејни тела или отвори за вентилација.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashite-rastenija-17.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *