Не очекувајте ништо од другите – 29 лекции што треба да ги научите до 29-тата година

Животот е непредвидлив, но се чини како сите да одбиваме да го прифатиме ова.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-01.jpg

Мислиме дека луѓето треба да се однесуваат според нашите очекувања, се обидуваме да ги промениме саканите и го криеме нашето вистинско јас, плашејќи се од туѓото мислење.

Но сето ова само ви штети, не ви дозволува да станете најдобрата верзија од себе.

Затоа, погледнете ги лекциите кои треба да ги научите што побрзо:

1. Ценете ги сите предизвици со кои ќе се соочите. Секој од нив ќе ве научи на важна лекција.

2. Нештата во животот се случуваат за ваше добро. Некогаш, без разлика што правите, ќе морате да го изодите потешкиот пат, но на крај ќе сфатите дека тоа било за ваше добро.

3. Ценете ја вашата уникатност. Вие сте поразлични од сите луѓе во светот, а токму тоа ве прави убави.

4. Не очекувајте ништо од другите. Сите размислуваат поразлично од вас, и што побрзо го сфатите ова, толку помалку ќе се разочарувате од туѓите постапки.

5. Заборавете на луѓето кои не се радуваат за вас. Штом некој љубомори на вашиот успех, тој не ви е пријател.

6. Научете да кажувате што мислите и што сакате. Другите не можат да ги читаат вашите мисли и морате сами да го кажете и да го побарате она што го сакате.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-02.jpg

7. Не мора секогаш да правите компромис. Ако постојано правите компромис за да им удоволите на другите, никогаш нема да бидете среќни.

8. Бидете својот најдобар пријател. Престанете да се критикувате и однесувајте се кон себе како кон најдрагиот пријател.

9. Бидете искрени за вашите чувства. Тие најдобро ќе ви кажат дали сте на вистинскиот пат.

10. Заштитете ја вашата енергија. Не дозволувајте никому да има негативно влијание врз вас.

11. Ако сте емпат, прифатете го тоа. Емпатијата не е клетва, туку дар, и ќе ви помогне да ги зајакнете сите врски во вашиот живот.

12. Научете да бидете дисциплинирани. Колку сте подисциплинирани, толку полесно ќе ги завршувате сите обврски и побрзо ќе стигнете до посакуваната цел.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-03.jpg

13. Сами пронајдете го вашиот пат. Не мора да следите никого, туку правете го она што сметате дека е правилно и најдобро за вас.

14. Слушајте ја вашата интуиција. Таа никогаш нема да ве излаже.

15. Не донесувајте одлуки според туѓото мислење. Само вие знаете во каква положба сте и само вие можете да ја донесете вистинската одлука за вас, без разлика што мислат и велат другите.

16. Не барајте признание од другите. Добро е да слушнете и друго мислење, но не ви треба нечие признание за да бидете свои.

17. Научете да се сакате себеси. Прифатете ги сите ваши недостатоци и немојте да си судите поради нив.

18. Бидете овде за себе. Како што им давате поддршка на пријателите во тешките моменти, правете го тоа и за себе.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-04.jpg

19. Добро запознајте се себеси. Станете свесни и за најситните детали од вашиот карактер.

20. Не плашете се да го покажете вашето вистинско лице. Немојте да се преправате во друга личност само да за се вклопите некаде.

21. Создадете го вашиот живот од соништата. Секој има право да го живее животот онака како што сака.

22. Направете ваша рутина. Откријте кои работи ќе ве доближат до вашите цели, направете рутина според нив и држете се до неа.

23. Не пробувајте да ги промените другите. Без разлика за колку драга личност станува збор, ако таа самата не сака да се промени, вие никогаш нема да го направите тоа.

24. Поминувајте време насамо. Научете да уживате во вашето друштво и секогаш одвојувајте време само за себе.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-05.jpg

25. Вистинската љубов не треба да боли. Љубовта треба да биде извор на инспирација и среќа, а не да ве прави мизерни.

26. Љубовните врски не треба да изгледаат како бојно поле. Штом во врската не владее хармонија, можеби тоа не е личноста за вас.

27. Но, врските бараат и работа. Без разлика дали е романтична или пријателска, морате да се потрудите за секоја врска.

28. Отворено зборувајте за проблемите во врската. Со криење и молчење нема да решите ништо.

29. Заборавете на контролата. Прифатете дека животот е непредвидлив и колку и да се трудите, никогаш нема да имате контрола врз секој исход.

ne-ochekuvajte-nishto-od-drugite-29-lekcii-shto-treba-da-gi-nauchite-do-29-tata-godina-0.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *