Најдебелиот човек имал повеќе од 600 kg – 10 светски рекорди кои досега никој не успеал да ги сруши

Уште од 1955-та година, Гинисовата книга на рекорди ги документира најголемите, а неретко и најчудните подвизи и карактеристики на луѓето.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-01.jpg

Оттогаш до денес, во книгата завршиле безброј луѓе, со рекорди од секакви области, но повеќето од нив се срушуваат секоја година.

Сепак, постојат и оние кои досега никој не успеал да ги сруши. Иако можеби еден ден и нив ќе ги снајде ваква судбина, навистина е импресивно колку долго издржале.

Погледнете ги 10-те светски рекорди кои никогаш не биле срушени:

Највисокиот маж и највисоката жена

Роберт Вадлоу важи за највисоката личност која била родена во познатата историја на човештвото. Иако тој се родил со просечна големина, со текот на времето достигнал висина од 2,72 метри.

За жал, Роберт починал на 22-годишна возраст, но според лекари кои го истражувале неговиот случај, ако живеел подолго, најверојатно ќе пораснел уште повеќе.

Највисоката жена, пак, е од Кина и кога починала на 17-годишна возраст, во 1982-ра, таа имала околу 2,5 метри.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-02.jpg

Најголемата канцелариска зграда во светот

Кога ќе ви речат најголема канцелариска зграда, можеби си замислувате огромен облакодер. Но, овој рекорд му припаѓа на американскиот Пентагон, кој има само пет ката.

Оваа градба се протега на површина од околу 600.000 метри квадратни, од кои 340.000 се канцелариски простор. Овде работат најмалку 23.000 луѓе.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-03.jpg

Најбогатиот човек во историјата на човештвото

Знаеме дека денес, најбогатиот човек е Џеф Безос и неговото богатство изнесува околу 145 милијарди долари. Но, најбогатиот човек во историјата е Џон Д. Рокфелер.

Во 1913-та, тој имал 900 милиони долари, но кога ќе се земе предвид инфлацијата, како и парите што ги заработил од 1913-та до неговата смрт, Рокфелер имал 418 милијарди денешни долари.

Сепак, важно е да се напомене дека бидејќи е речиси невозможно да се спореди неговото богатство со она на фараоните или личности од подамнешната историја, Рокфелер се смета за најбогатиот човек во модерната историја.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-04.jpg

Филм со најголема заработка

Во 2019-та, „Avengers: Endgame“ заработи неверојатни 2,7 милијарди и си ја доби титулата за филм со најголема заработка.

Но, и овојпат треба да се земе предвид инфлацијата.

„Gone with the Wind“ во 1939-та заработил 390 милиони долари на бокс офисот. Кога ќе се прилагоди сумата, филмот всушност заработил 7,2 милијарди денешни долари.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-05.jpg

Најдолгите нокти

Шриндар Чиал од Индија го држи рекордот за најдолгите нокти во светот. Пред да му ги исечат, после 66 години, неговите нокти имале должина од 909,6 сантиметри.

Тој престанал да ги сече ноктите на 14-годишна возраст, но само на едната рака, бидејќи со толкави нокти на двете раце не можете да правите ништо.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-06.jpg

Најмногу преживеани удари од молња

Малку луѓе можат да кажат дека биле удрени од молња и преживеале. Но, на Рој Суливан ова му се случило дури 17 пати.

Првпат бил удрен во 1942-ра, а последен пат во 1977-ма. Се разбира, Рој не поминал без повреди – изгубил еден нокт на ногата, му изгореле веѓите и косата, а имал изгореници и на нозете, градите и стомакот.

За жал, во 1983-та, Рој си го одзел животот.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-07.jpg

Најдебелиот човек во светот

Џон Брауер Миноч страдал од дебелина уште во детството. Роден е во 1941-ва, а веќе до 1976-та тежел 442 килограми.

Кога бил однесен во болница, лекарот што се грижел за него пресметал дека Џон можеби тежел и повеќе од 635 килограми, најмногу поради акумулација на вода во телото, предизвикана од проблеми со срцето.

Тој поминал две години во болницата каде што држел строга диета и успеал да ја намали тежината на 216 килограми. Сепак, повторно вратил дел од килограмите и на денот на неговата смрт тежел над 360 килограми.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-08.jpg

Олимписки играч со најмногу медали

На Олимписките игри се натпреваруваат најдобрите спортисти и атлетичари, па воопшто не е лесно да освоите и само еден медал.

Но, ова не важи за Мајкл Фелпс – до неговата 31-годишна возраст, тој веќе освои 23 златни, 3 сребрени и 2 бронзени олимписки медали.

Кога ќе се земе предвид дека сите медали ги освоил на само пет Олимписки игри, веројатно уште долго ќе го држи овој рекорд.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-09.jpg

Најмногу преживеани атомски експлозии

Атомските бомби на САД убија илјадници луѓе во Јапонија, но еден маж ги преживеал и двете.

Цутому Јамагучи бил на деловно патување во Хирошима, кога се случила експлозијата. По уништувањето на градот, тој се вратил во родниот Нагасаки, точно навреме за втората бомба.

Очигледно на овој маж му било судено да живее долго – тој починал во 2010-та од рак на стомакот, на 93-годишна возраст.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-10.jpg

Рекорд за најмногу рекорди

За повеќето луѓе сосем доволно е да срушат еден рекорд, но Ашрита Фурман е многу поамбициозен. Тој е рекордер во рушењето рекорди и во период од 30 години, соборил над 600.

Денес, „само“ 200 од неговите рекорди не се срушени од некој друг.

После првиот рекорд, каде што направи 27.000 скокови во рок од 6 часа и 45 минути, Ашрита „се заразил“, и тешко дека некој ќе го надмине.

10-svetski-rekordi-shto-nikoj-ne-uspeal-da-gi-srushi-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *