Помалку фотки на Инстаграм, исклучиво со повод – како ќе изгледаат патувањата годинава и следната?

Веројатно на многумина им недостасува можноста да отпатуваат надвор од земјата. Целиот свет за момент запре. Авионските компании трпат огромни загуби.

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-01.jpg

Како ќе изгледаат патувањата барем до крајот на оваа година и следната? На светот ќе му треба долго време за да се избори со Ковид-19, a претпоставките се дека на патувањето ќе му треба период до 2023-та година за да се врати во нормала – или т.н. како пред периодот на Ковид-19. 

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-02.jpg

1. Ќе се патува, но не премногу далеку. Доколку не е задолжително, ќе одбираме локални и поблиски дестинации наспроти далечни дестинации.

2. Ќе се потпираме на безбедно и испробано. Помалку ќе експериментираме со хотели, и ќе одбираме брендови во кои имаме доверба и кој се држат до стандардите за хигиена.

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-04.jpeg

3. Помалку летање. Патувањата со автомобил ќе се вратат на голема врата затоа што луѓето би преферирале копнен превоз пред авионски.

4. Патувања исклучиво со повод. Ќе се намалат патувањата само за добри фотки на Инстаграм. Ќе се патува само за специфични искуства, бизнис прилики и задолжителни обврски.

5. Многу повеќе ќе истражуваме и анализираме пред да одбереме сместување. Сега коментарите и препораките од претходни гости ќе ни бидат од големо значење – особено од аспект на хигиената.

pomalku-patuvanja-za-fotki-na-instagram-isklucivo-so-povod-kako-ke-izgledaat-patuvanjata-godinava-i-slednata-03.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *