Кој го наследи Карл Лагерфелд и како изгледаат луѓето кои стојат зад популарните модни брендови?

Дури и да не ја следите модата, сигурно сте слушнале за брендовите како Dior, Chanel и Balenciaga.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-01.jpg

Можеби добро ги знаете и нивните креации, но сте се запрашале ли кои дизајнери се кријат зад нив?

Повеќето ги знаат дизајнерите како Донатела Версаче, но за другите брендови работат многу помалку познати дизајнери, кои сепак заслужуваат признание.

Погледнете како изгледаат дизајнерите на брендираните модни парчиња кои сите ги посакуваат:

Ентони Вачарело – Yves Saint Laurent

Ентони некогаш сакал да биде адвокат, па дури и почнал да учи за тоа. Но, по само една година се премислил и решил да ѝ го посвети животот на модата. На 34-годишна возраст, тој стана главниот дизајнер за Yves Saint Laurent.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-02.jpg

Марија Грација Чури – Dior

Во 2016-та, Марија стана креативниот директор на Dior. Интересно е што таа е првата жена што ја добила оваа позиција – дотогаш, со компанијата управуваа само мажи.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-03.jpg

Џон Галијано – Maison Margiela

Пред да стане дизајнер за Maison Margiela, Џон цели 16 години беше креативен директор на Dior. Дефинитивно, тој е дизајнер со импресивно искуство.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-04.jpg

Виржини Виар – Chanel

Виржини ја започнала кариерата во модната индустрија како асистент на дизајнер за костуми. Во 1987-ма добила работа во Chanel, каде што станала експерт за везови. Во 2019-та, по смртта на Карл Лагерфелд, таа стана новиот креативен директор на модната куќа.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-05.jpg

Вирџил Абло – Off-White, Louis Vuitton

Дизајнерот ја започнал кариерата малку подоцна – на 29 години. Набрзо успеал да основа свој бренд, Off-White, а во 2018-та стана креативен директор на машките колекции на Louis Vuitton.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-06.jpg

Демна Гвасалија – Balenciaga

Демна соработувал со неколку модни куќи, а во 2015-та беше назначен за креативен директор на Balenciaga.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-07.jpg

Алесандро Мишел – Gucci

Пред да стане креативен директор на Gucci, Алесандро работел како дизајнер во продавница за порцелански садови.

За само 5 години во Gucci, тој значително ја зголеми продажбата на брендот и успеа да го направи еден од најпопуларните.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-08.jpg

Оливие Рустен – Balmain

Оливие ја започнал кариерата како практикант во Robertо Cavalli. Тогаш имал само 18 години, а до 25-годишна возраст тој успеа да стане главниот дизајнер во Balmain.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-09.jpg

Сара Бартон – Alexander McQueen

Долго време Сара била лична асистентка на Александар Меквин. По трагичната смрт на дизајнерот, таа го замени и стана креативниот директор на модната куќа.

Сара е и дизајнерката која ја направи венчаницата на Кејт Мидлтон.

kako-izgledaat-dizajnerite-na-najpoznatata-brendirana-obleka-shto-ja-posakuvame-site-10.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *