Златните правила за јадење на Индра Деви, жената која живеела 103 години

Евгенија Петерсон, позната во целиот свет како Индра Деви, е една од првите жени што практикувала јога и ја популаризирала јогата во светски рамки. 

Zlatnite-pravila-na-Indra-Devi-01.jpg

Евгенија Лабунска-Петерсон е родена во 1899 година во Рига. Таа го променила својот живот неколкупати.

Зборувала 12 јазици и се идентификувала со три земји: Русија каде што е родена, Индија каде што се „преродила“ и пријателската Аргентина каде што ги поминала последните 17 години од животот.

Починала во 2002 година во Буенос Аирес, а живеела 103 години. Кога имала 93 години, Индра Деви дала интервју за нејзината исхрана:

„Веќе неколку години сум вегетаријанец, јадам еднаш дневно, понекогаш два пати. По будењето пијам 200 ml вода со исцеден лимон.

Мојот појадок е чаша млеко од соја или бескофеинско кафе од житни култури. Неколку бадеми и суво грозје. Цитронот или портокалот ги јадам понекогаш со кората.

Пијам многу вода, јадам свежо сезонско овошје и пијам сок од зеленчук. Пред спиење пијам и чаша вода.

Понекогаш вечерам, а ручекот ми се состои од една од следниве видови храна: супа од зеленчук или зелена салата, варен или суров зеленчук, порција кафеав ориз, печени компири со малку растителни масти или сос од соја.

Понекогаш за ручек јадам домат со сирење, јајца или јогурт со мед и пченични зрна“.

Во една од нејзините книги, Индра Деви ги опишува принципите на исхрана што ги набљудувала и им препорачува на своите ученици како да се хранат, а исто така ги коментирала и глобалните прашања за нездраво јадење.

„Често слушаме за наши пријатели и роднини кои се борат со дијабетес, астма, артритис, рак. Овие луѓе мислеле дека се целосно здрави. Ние не размислуваме за сè што ни се случува, но тоа е неизбежен резултат на труењето на телото со сите овие токсини акумулирани како резултат на лошата исхрана и начинот на живот.

Последиците од лошата исхрана не се манифестираат веднаш како болест. Можеби затоа што ние ретко ги поврзуваме „модерните“ болести со храната што ја консумираме.

Колкумина од обичните и образованите луѓе разбираат дека болестите како настинка, астма, артритис, кардиоваскуларните болести, дијабетесот се предизвикани од труење на организмот со овие токсини? Малкумина од нив.

Во мојот дом никогаш нема да видите нешто конзервирано, спакувано, рафинирано или обработено. Јас користам полнозрнесто брашно и кафеав (необработен) ориз; наместо шеќер користам мед; какаото и чоколадата исто така отсуствуваат од моите кујнски полици. И лично сум индиферентна кон десертите.

Обично пијам пијалаци од цикорија со сурово козјо млеко или млеко од соја, чај од различни билки, свеж зеленчук и сокови и многу вода со лимон. Исто така, користам лимон наместо оцет. Ги јадам сите сезонски зеленчуци зачинети со свежи или сушени билки, кромид и лук.

Сум видела неверојатни трансформации и заздравување кај луѓе кои почнале да се занимаваат со јога и го промениле начинот на нивната исхрана. Една од нив сум и јас.

Секој човек може само да има придобивки од разумната и избалансирана исхрана бидејќи неправилната исхрана, полека, но сигурно го уништува здравјето. Значи, ако сакате имате добро здравје и да го зачувате подолго, не ги игнорирајте следниве правила што ги забележав во мојот секојдневен живот“.

Прочитајте ги 27-те правила за златната исхрана на долговечноста на Индра Деви:

1. Никогаш не пијте вода со мраз, особено по оброкот, бидејќи го нарушува природниот процес на циркулација на гастритичниот сок и го спречува варењето.

2. Наутро пијте чаша чиста вода на собна температура и додадете малку лимон. Топла вода или билен чај со лимон и мед одлично освежува во топлите периоди од годината.

3. Пијте 5 до 8 чаши вода на ден. Во текот на денот ќе ослободите околу 2,5 литри течност. Дефицитот на вода во телото е причина за многу проблеми со стомакот, запек, опструкција на цревата и дисфункција на црниот дроб и бубрезите.

4. Не пијте вода додека јадете, туку половина час пред или 2-3 часа после јадењето. Пијте вода во мали голтки, не одеднаш.

5. Кога водата врие, се губат нејзините корисни состојки. Затоа за да „оживее“ водата, претурете ја неколку пати од еден во друг сад. Ова ќе има повеќе освежувачки и стимулативен ефект кој инаку е отсутен од „безживотната“ вода.

6. Да изедете еден плод е похранливо отколку да го испиете како сок.

7. Подготвувајте си свеж сок од морков, ротквици и цвекло и во него додавајте по некој зелен лист од зеленчуци.

8. Не препорачувам пиење алкохол, чај, кафе, какао и топло чоколадо бидејќи кофеинот и теоброминот се високо возбудувачки стимулатори.

9. Млекото е храна, а не течност. Треба да се зема во мали голтки, во спротивно може да предизвика вознемиреност во стомакот.

10. Не заборавајте: телото не го јаде она што го примаме, туку само она што може да го апсорбира.

11. Изберете ја храната што најдобро ви одговара – исто како што избирате облека што најдобро ви одговара. Експериментирајте со различни видови храна и комбинации додека не откриете која храна е најдобра за вашето тело.

12. Избегнувајте „мртва“ храна – конзервирана, преработен ориз, бело брашно, рафиниран шеќер. Не се фаќајте за бонбоните и слатките, а секако ограничете го и оцетот.

13. Џвакајте ја многу добро храната, особено онаа што е богата со скроб. Скробот се претвора во гликоза под дејство на плунката, и ако не е добро натопен со неа тој останува во оваа форма во стомакот и се распаѓа за неколку часа.

14. Стариот или тостиран леб е покорисен. Но, не земајте течности заедно со лебот. Нека забите си ја завршат работата.

15. Не земајте повеќе од една порција на скробна храна во исто време. На пример, ако јадете ориз, откажете се од леб, компири и тестенини во истиот оброк.

16. Ако имате проблем со цревната перисталтика, направете мени без скроб и протеини заедно, особено со продукти што содржат сулфур – како што се грашокот, зелката, јајцата, ротквицата, итн.

17. Не фрлајте ја водата во која варите зеленчук. Пијте ја или искористете ја за да подготвите супа. На пример, компировата вода е многу корисна.

18. Не фрлајте ги зелените делови од морков, цвекло, ротквица и пашканат. Додадете ги во супата додека не зоврие, а потоа отстранете ги.

19. Гответе го зеленчукот во мала количина вода и на тивок оган, па дури подобро е да се готви на пареа.

20. Избегнувајте пржена и мрсна храна, бидејќи бавно се вари. Прво стомакот го напуштаат јаглените хидрати, потоа протеините и на крај маснотиите.

21. Сите животински масти го зголемуваат нивото на холестерол во крвта. Најмногу холестерол содржат мозокот, жолчката и црниот дроб, а најмалку млекото, сирењето и рибата.

22. Секоја храна богата со животински масти е опасна. Високиот процент масти и нискиот процент на протеини во исхраната го попречуваат дејството на ферментите.

23. Запомнете дека важно е не само количеството калории во маснотиите, туку и нивниот состав. На пример, во сланината нема ништо друго освен калории, нема витамини или минерали.

24. Кога еден оброк што има маснотии (вклучувајќи и растителни) се загрева неколку пати, секое наредно затоплување го прави поштетен. Ефектот е сличен и на повторно користење на маснотии во кои сме ја испржиле храната.

25. Најважното правило, сепак, е вашиот став кон храната на масата. Процесот на јадење и заситување треба да биде бавен, пријатен, во пријатна средина и пријателска луѓе.

26. Храната која е проголтана во состојба на стрес, иритација или лошо расположение, предизвикува токсични промени во телото. Значи, кога сте во таква состојба, подобро да не седнувате на маса воопшто. Почекајте вашето расположение да се нормализира.

27. Избегнувајте непријатни разговори додека јадете. Прекрасно сервираната маса го прави процесот уште попријатен, исто како насмевката, забавниот разговор или прекрасните цвеќиња. Благословувјате ја храната и ќе ви донесе радост. Никогаш не соопштувајте непријатни вести пред или за време на оброците. Ова ќе ѝ наштети не само на варењето на храната, туку и на целото тело како целина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *